Скоро на сите нас ни е битно да имаме електрична енергија во секој момент – кога ќе вклучиме осветлување, кога ќе ги вклучиме нашите апарати…. Знаеме дека електричната енергија се произведува во нашите хидроцентрали, термо централи, па така произведената електрична енергија по пат на далноводи доаѓа до нашите домови или пак бизниси.
Но да видиме како тоа подетално изгледа. Доколку вкупниот систем го споредиме со нашиот организам, електро енергетскиот систем можеме да го споредиме како крвоток и тоа е навистина така. Енергетскиот систем всушност би можел да се објасни вака: високонапонската мрежа на државната компанија МЕПСО е најважната и најголемата артерија на човекот – аортата, а дистрибутивниот систем на ЕВН Македонија се сите вени, капилари и други крвни садови кои ја носат енергијата до најситните делови на човечкиот организам – поточно ја носат електричната енергија до крајниот потрошувач
Како тоа функционира во самата пракса?
Произведената електрична енергија иди во високонапонската мрежа која е во надлежност на државната компанија МЕПСО. Понатаму електричната енергија го продолжува својот пат до крајните корисници, и по тој пат таа се трансформира од 110 киловолти на понизок напонски ниво – 35,20 или 10 киловолти. Електричната енергија во нашите домови доаѓа преку 0,4 киловолтни кабли, додека некои бизнис објекти ја користат енергијата на повисоки напонски нивоа.
Во рамките на дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија има 55 трафостаници каде напонот се трансформира од 110 киловолти на пониски напонски нивоа, понатаму 78 трафостаници кои трансформираат напон од 35 киловолти и 10.400 трафостаници каде од напонот на 10 односно 20 киловолти се трансформира на 0,4 киловолти.
Вкупната должина на мрежата е околу 26.000 километри, и тоа 1066 километри на 110 и 35 киловолтно напонско ниво, 10.000 километри на 20, 10 и 6 киловолтно напонско ниво и 15.000 километри на 0,4 киловолтно напонско ниво. Мал дел од дистрибутивната мрежата е во приватна сопственост што во регионите каде е застапена го отежнува процесот на нејзино оддржување и надградување.
Како се одржува и изградува дистрибутивната мрежа за електрична енергија?
На прв поглед, ова можеби делува како едноставна работа – доколку има ново изграден објект истиот се приклучува на мрежата и ја добива електричната енергија. Но, секој нов објект или дограден објект, без разлика да ли се работи за домаќинство или пак за стопански објект, ги зголемува потребите за електричната енергија за таа локација.
Доколку не ги земеме во предвид овие зголемените потреби, доаѓа до оптеретување на дистрибутивната мрежа и до намалување на квалитетот на дистрибуцијата на електричната енергија, како за самиот нов објект, така и за соседните корисници.
Поради овие причини, секој нов корисник или пак корисник кој што ги проширува своите потреби за електричната енергија, треба да ја информира ЕВН Македонија за своите намери, поточно да побара енергетска согласност. Овој документ се издава според Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. Во оваа барање, корисникот треба да достави информација за тоа колкави ќе бидат дополнителните количества на електричната енергија. Врз овие информации, стручните екипи на ЕВН Македонија изготвуваат проект со што се прави соодветна надградба на дистрибутивната мрежа, а со тоа се овозможува квалитетна испорака за новиот корисник.
Ова важи и за оние корисници кој што се откажаа или пак планираат да се откажат од услугите на Топлификација и кој што своите потреби за топлинска енергија, ќе ги задоволат со користење на климатизери или термо печки – уреди кој што користат електрична енергија. Поради ова и овие корисници законски мораат да побараат енергетска согласност за да се направи ново димензионирање на дистрибутивната мрежа која ќе може да одговори на потребите на корисниците.
One Comment
Димески Звонко ; МФЦ-СОЛАР
Почитувани
Морав да го искоментирам Вашиот текст , поради големиот број на мои муштерии , кои се соочиле со бирократијата и би рекол алчноста нивна…
Мислам на ЕВН , како крајна компанија , со која ние корисниците имаме работа..
Прво, променети се ( самите си ги промениле ) правилата за новоприклучените корисници.
Цената на пиклучок не е веќе фиксна 500 евра ( плус додатни трошоци за кабел , ормарчина и евентуално бандери , ако е подалеку приклучокот ).Оваа сума достигнуваше некаде 800-900 евра без бандери, т.е. приклучокот е многу блиску.На многу места достигнуваше и неколку илјади евра , ако не беше потребен краен трансформатор од , да речеме 10КВ на 220 в ( 380 в).
Со него достигнуваше цена од 15 до 25 000 евра !!!!!
Човече , кој грабеж …
И врвот на лицемерието на ЕВН , бараат иситиот тој трансформатор , кој ти си го платил , ДА ИМ ГО ПРЕДАДЕШ ВО НИВНО ВЛАДЕНИЕ т.е. сопственост . За тие после да стопанисуваат си него , да приклучуваат други корисници по сопствено убедување и да го прикажат како НИВНА ИНВЕСТИЦИЈА во МК.
Сега и други работи се променети…
Не се фиксни 500 евра за приклучок , туку се плаќа по ангажирана моќност .Значи колку апарати сакаш наеднаш да приклучиш, толку ке платиш за приклучок.Ова се однесува на станови и деловни објекти
За тоа се плаќаше досега 500 евра , сега достигнувало до 2000 евра за истата ангажирана моќност….
И капак на сето тоа , не приклучуваат објекти кои се диво изградени , (викендици , штали, фарми ) или пак луѓето немаат документи за тие објекти..
Излез од сето ова?!
Само да се стане енергетски независен ..
Исплативо и за џебот и за екологијата
Поздрав и секое добро