Инсталации
Цевките за вода кои што се вградени во ѕидот, можат да предизвикаат изливање на водата во внатрешноста на ѕидот, без разлика од каков материјал цевките се направени. Од овие причини цевките се поставуваат на самиот ѕид поточно на самата површина на ѕидот. Другата опција е да се во самиот ѕид (внатрешност од 8 cm) се постават посебни канали. Што се однесува до кутијата за електричниот развод, истата може да се вгради во самиот ѕид, исто како и кај конвенционалните ѕидови.
Економска пресметка
Не сакам да ве убедувам колку се овие куќи погодни за урбани средини, но секој објект кои што се наоѓа надвор од урбаните населби е погоден за изградба како објект од слама.
- Пониски транспортни трошоци (достапност на материјалот)
- За објект од 100m² е потребно околу 400 бали од слама (цената на балата на слама изнесува околу 1,25-1,5 евра)
- Ѕидањето е помалку комплицирано – нема трошоци за цемент, песок, не се потребни армирано бетонски вертикални и хоризонтални серклажи за сеизмичка заштита
- Не е потребна дополнителна изолација
- Не се потребни дополнителни завршни работи
- Минимална можност за појава на ладни мостови
Наместо заклучок
Се подразбира дека овие куќи носат и одредена доза на ексцентричност. Во С.А.Д. оваа ексцентричност се гледа во желбата на луѓето да направат објект кои што ќе биде во склад со концептот на одржливиот развој. Од овие причини куќата од слами ќе го има овој ефект доколку е опремена и со енергетски ефикасни системи кои што ги користат обновливите извори на енергија.
Во Хрватска па и кај нас се развиваат покрети кои што даваат напори сламата да се категоризира како градежен материјал, за да објектите кои што се направени од слама можат да добијат употребни дозволи. Се сомневаме дека нешто ќе се случи во оваа насока барем во наредните 5-10 години, така да градителите можат да бидат спокојни – безбедни од уште една новост (едвај се навикуваат на користење на термоизолација)