Иако меѓу народот има мислење дека треба да се има пари да се вложат како би се заштедило на сметките за електрична енергија, сепак ние сме тука за да ги демантираме и да докажеме дека може да се има енеретски ефикасен дом и при тоа без да се влегува во некоја преголема инвестиција или да се изведи тоа со некоја мала или незначитела сума на пари кои секој можи да си ја дозволи.
1. Соларен ситем за топла вода. Иако е најдобро да се купи системот и да се инсталира на покривот, реалноста е дека еден дел од нас не можат тоа да си го дозволат. За таа цел имаме неколку решенија за кои имаме претходно пишувано, а за чија примена треба само малку ентузијазам и време. Како да изработите свој сончев панел за топла вода за помалку од 1000 денари, Како да изработите соларен колектор од лименки и Соларна енергија за мали пари се одлични примери за како да ја подобрите енергетската ефикасност на вашиот дом.
2. Добар дел од домовите имаат стара дограма која е со доста процепи од кои влегува ладен воздух со што се губи добар дел од топлината. Најлесно да се справите со тоа е со помош на силиконот. Земете силикон и пополнете ги пукнатините. Според истражување кое е изведено во Америка околу 10% од губитоците се поради пукнатини во дограмата и кај прозорците. За евтини пари може да набавите силикон, а при тоа да заштедите солидна сума на пари. Ова е доста практичен трик, посебно во зимските денови.
3. Посадете дрво. Дрво непосредно пред вашиот прозорец може да значи многу. Во летните месеци нема да дозволи директно да сјае сонцето во вашиот дом така што ќе имате мошне поладен дом. Битен момент е местото каде ќе го посадите дрвото. Мора да внимавате и на тоа гранкте да не удираат во куќата кога ѓе порасне дрвото. Еден садник за дрво може да кошта околу 200 до 300 денари, а и можеби ќе го добиете и бесплатно од некои шумски претпријатија.
4. Бришете ги сијалиците од прашина. Прашината е проблем кој го намалува нивниот век на траење, а исто така генерираат помалку светлина за истата потрошена енергија. Така што кога веќе го чистите вашиот дом и останатите работи, посвете минута и на бришење на светилките во вашиот дом.
5. Селектирајте го вашиот отпад. Најдете еден дел од вашиот двор каде би вршеле ваша селекција на отпадот кој го генерирате. Одделете неколку квадрати каде би одлагале харија, пластика, метал, бакар или алуминиум или во принцип сè за што отпадите даваат пари. Соберете доволно отпад и однесете го во некои од многуте отпади и замете пари за нив. Можеби нема да земете кој знае колкава сума, ама доволно е за да се почестите со вашето семејство по некоја пијачка, сладолдед или да замените неколкустари сијалици со поефикасни светилки.
6. Направете си мини дигестор. Денес е релативно лесно и може да се изведи на неколку начини. На следнот текст имате нешто повеќе за дигестори
One Comment
Анонимен
За број три треба да се напомене дека дрвото кое треба да се посади пожелно е да биде листопадно. Така во летните месеци со своите листови ќе прави сенка на ѕидот на куќата, а во зима дрвото ќе ги пропушта сончевите зраци да допрат до кучата и да се искористи нивната топлина.