Кога некој ќе ви спомне турбини за ветар, си мислите на оние огромните ветерници низ полиња на Холандија. Ама сега има и помали.
Научниците од Универзитетот во Хонг Конг и Лусиен Гамбарота од компанијата MotorWave смислија како силата на ветрот да му ја направат достапна на обичниот човек. Тие го создадоа MotorWind, микро- турбини кои се толку мали што слободно може да си ги инсталирате на балкон.
Идејата им беше да направат ветерници кои ќе бидат погодни за приватна употреба во руралните ама и урбани средини. За оваа намена турбините се лесни и мали, со дијаметар од 25 cm и способни да генерираат струја и на многу слаб ветар (отприлика 2 метри во секунда).
Малечките турбини се монтираат на рамка, во редови на кои може да има приближно од 6 турбини па до колку сакате, и на ветар со брзина од 5 m/sec генерираат 131 kWh годишно.
Еден ред од 6 вакви турбини заедно со генератор чини 600 американски долари или околу 456 евра (плус испорака), а сите производи може да им ги ѕирнете овде. Замислете можете дури и бои да си бирате, имате сина, зелена, црвена и бела.
И додека вие се мислите дали ви се исплати да довлечкате ваква технологија од Хонг Конг, јас веќе си планирам место за нив на мојот балкон баш меѓу зеленчукот…:)…Зошто верувајте, нема поисплатлива ниту поекономична инвестиција од технологија што користи обновливи извори.
Којзнае, следната година можеби ќе си ги полнам мобилните и другите електронски направи по дома- на ветар!
Извор: bambibrigada.com