Вуковар за жал, сите ни е познат по страдањето кое што го претрпи за време на војната од пред 20 години. Но од овој град денес ни доаѓаат позитивни вести, барем кога се работи за подобрување на енергетската ефикасност.
Имено со завршувањето на правата фаза на проектот за подобрување на енергетската ефикасност, Вуковар доби ново енергетски ефикасно осветлување. Според Тихомир Кедменец, до сега е сменето повеќе од 1250 застарени светилки.
„Новото осветлување, ни донесе заштеда од околу 38% на потрошувачка на електрична енергија. Исто така се намали и светлосното загадување, како и намалени емисии на CO2. Покрај овие придобивки, ги намаливме и трошоците за одржување на јавното осветлување. Со други зборови вкупните парични заштеди изнесуваат и до 300.000 куни (≈40.000 евра).“
Зборувајќи за новото осветлување, Кедменец истакна дека се водеше сметка за тоа каков вид на светилки ќе се постави на оние улици кој што имаат поинтензивен сообраќај. Поточно улици кој што имаат поголема фреквенција на сообраќај добија и појако осветлување. До сега, новото осветлување се постави во населбите Митница, Сајмиште, Лева Бара и во поедини делови на населбата Борово.
„Новото осветлување ги задоволува сите ЕУ стандарди. Доволно е да се прошетате низ оние улици каде што е поставено новото осветлување, за да го забележите квалитетот на осветлувањето. Се работи за многу битен проект, кој што треба да ни донеси големи заштеди. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 2,5 милиони куни (≈333.000 евра), од кој што Фондот за заштита на природната средина ги кофинансираше 72% од вкупните трошоци, додека остатокот е покриен од страна на градскиот буџет.“, изјави Кедменец.
Извор: vecernji.hr