Еден од главните недостатоци кај соларните централи е неможноста да произведуваат електрична енергија во ноќните часови. Сепак, сето тоа се надмина со појавата на Гермасол која го разби митот дека соларните централи не можат да произведуваат електрична енергија ноќе. Ако сакате да дознаете како е тоа можно продолжете да читате.
Гермасолар е името на првата соларна централа која произведува електрична енергија и дење и ноќе. Електраната се наоѓа во близина на Севилја и е со вкупна снага од 19,9 MW. Составена е од 2.600 хелиостати (насочени огледала) кои ја насочуваат сончевата светлост на кула која е сместена во средината на централата низ која протекува растопена сол. Самата кула е висока 140 метри и некаде на врвот каде се насочени сите огледала растопената сол се загрева на 565°C. После тоа стопената сол преминува низ изменувач на топлина при што се создава водена пареа.
Во моментите кога се прави вишок на енергија од потребното, дел од стопената сол се чува во т.н. топлински резервоари. Во топлинските резервоари нема значаен губиток на топлинска енергија и истата таа се користи подоцна при намалено сончево зрачење или кога нема воопшто сончево зрачење, т.е. ноќе. Така е овозможено контиунирано производство на електрична енергија. Имено, Гермасол може да произведува енергија 15 часа без сончево зрачење под услов топлинските резервоари да се полни.
Годишното производство на оваа централа е доволно за снабдување со енергија на околу 25.000 домаќинства. Овој начин на производство на енергија би придонел за намалување на околу 30.000 тони CO2 на годишно ниво.