Еве еден нов начин да се добие малку повеќе од времето поминато во бањата. Студент по индустриски дизајн на De Montfort Универзитетот во Лестер, Велика Британија, создаде паметен и моќен генератор што ги претвора отпадните води во електрична енергија. Моќното HighDro е турбина која може да биде ставена на цевки од високи згради како би можела да го претвори она што е отпад од еден човек да биде буквално енергија за некој друг.
Том Бродбент се инспирирал еден ден кога бил во хотел и кога ја испуштил водата во хотелска соба при што цедењето на водата било многу брзо и со импресивна сила. Тогаш почнал да добива идеи за искористување на кинетичката енергија што ја има во секој мијалник или тоалет. Како резултат на тоа тој го изработил својот прототип. Резултатот е: турбина со четири перки која придвижува мал генератор.
Инсталирани во серија во високи згради, овие генератори можат да вратат доста енергија за самата зграда или да испораачт енергија на мрежата. Така се проценува дека HighDro може да заштеди кај една седум-катната зграда нешто повеќе од 1.000 долари годишно во трошоците за енергија. Потенцијалот на овој уред е голем и може да придонесе многу кај степенот на енергетската ефикасност кај зградите. Сепак, ќе помине некое време додека овој прототип добие своја комерцијална верзија и додека го видиме како работи на дело.