Во последните десет години, побарувачката за монтажните куќи/објекти и во општо за објектите изградени со помош на монтажниот систем за градење, расте. Понудата е богата – постојат македонски но и компании од поранешната СФРЈ кој што нудат монтажни куќи (Криваја, Марлес, Шпик и други). Но и покрај зголемената побарувачка на овие објекти, постојат и одредени предрасуди поврзани за монтажните куќи.
Но првин да почнеме од предностите на монтажните куќи – цената на квадратниот метар. Покрај цената, предноста на овие објекти е брзина на изградбата, како и висок степен на енергетска ефикасност. Овие монтажни објекти имаат повисок степен на енергетска ефикасност за разлика од објектите изградени според класичниот систем на градење и кој што имаат слаба изолација.
Принципот на изградба
Принципот на изградба на монтажните објекти е условен со системот на самата изградба на објектот. Монтажната градба може да се подели на:
- Ситнопанелна и
- Крупнопанелна
Ситнопанелен систем на изградба
Крупнопанелен систем
Ситнопанелниот систем на изградба е доста застапен во Србија. Деловите на монтажната куќа доаѓаат во модуларни големини ( 120 х 260 cm) и се склопуваат на лице место. Поголем дел на производители на монтажни објекти дозволуваат и поразлични димензии на овие модули и се договараат во склад со самите желби на клиентот. Основната предност на ваков систем на градење претставува релативно лесна изградба на објекти, полесна манипулација со модулите и слично. Основните недостатоци на овој систем се поврзани за самиот тек на изградбата на објектот – нерамномерно монтирање на елементите, проблеми поврзани на изолација на објектот. Крупнопанелниот систем на изградба е застапен во ЕУ. Кај овој систем објектот се реди од цели ѕидови, кој што со помош на кранови се местат на проектирани места, Предноста на овој вид на градење е очигледна – побрза изградба на објектот, како и подобра изолација. Но од друга страна поради обезбедување на маневарскиот простор на кранот, локацијата на која што се гради монтажниот објект треба да биде достапна.
Изолација и енергетска ефикасност
Како што рековме на самиот почеток, една од основните предности на монтажните објекти е нивната изолација. Производителите во Србија, нудат слични видови на ѕидови (како е текстот преземен од српски сајт така се зборува за српски производители. За сега немаме адекватни податоци за македонските производители на монтажни објекти). Најчесто се работи за рамковна структура – исполнета со минерална волна со дебелина од 10 cm обложена со OSB плочи или плочи од иверица. Од надворешната страна се поставува фасада од стиропор, со дебелина од 5 cm. Ваков тип на изградба дава дебелина од 15 cm.
Пресек на надворешниот ѕид
Пресек на надворешниот ѕид
Пресек на внатрешниот ѕид
Доколку на овие објекти се постават квалитетни PVC прозорци, топлинските заштеди можат да бидат уште поголеми. Денес како што пишувавме и на самиот портал можат да се најда и профили со шест комори и со квалитетно стакло. Таванската конструкција на објектот се исто така состои од термоизолационен слој со дебелина од 10 cm.
Животниот век на монтажните куќи
Производителите на монтажните објекти даваат гаранција од 10 години, додека некој производители даваат усна гаранција на 100 години за самата конструкција на објектот. Гаранцијата на занаетчиските работи изнесува 2 години. Дали монтажната куќа ќе Ви трае 100 години е навистина добро прашање, но она што е сигурно објектот мора да се одржува. Голем број на објекти кој што се изградени од дрво можат да се користа голем број на години. Се уште можат да се најдат традиционални македонски куќи кој што се изградени од дрво. Извор: efikasnost.org
5 Comments
Иванчо
Само колку би чинел м2 на куќата?
Предраг Стојковски
Здраво Иванчо,
Цената зависи од производителот од 90 > евра. Наскоро ќе гледаме да напишиме натпис кој ќе се занимава и со тоа тематика.
Поздрав
Ловро
Сигурно е така како доказ се иљадници баракаи изградени во Скопје после земјотресот 1963год. и денеска уште функционират , не слушнав дека некоја се запалила за ове 50 и повеќе години, а јас гледав куќиво САД изградени на два три спрата дрвени надворешната фасада пластифицирана , мозес со вода ,со црево да ја миеш и нисто не и е , а не се приметува дека се дрвени. супер се.
Одмене
Ама куќи лешпер батал не купувај
јулија
Благодарам за убавите прилози и за постојаните напорите да ја зголемите свесноста за темите што ги обработувате.
Во врска со конкретниот напис, заинтересирана сум да изградам монтажна куќа, но не знам кои фирми во Македонија градат вакви куќи.
Дали можете да објавите податоци за компаниите што се бават со овој тип на градба во нашата држава и да дадете подетален преглед на нивните производи со цени.
Јулија
Поздрав