На 7 јули беше одржано советување во Неготино кое беше организирано од здружението на енергетичарите на Македонија. Темата на советувањето беше “Можности за енергетско искористување на јагленови наоѓалишта во Неготино / Мариово со јамска експлоатација.” На советувањето беа презентирани трудови од најеминентните енергетичари и експерти во Републиката. Вкупно осум трудови беа презентиран на советувањето. Секој од трудовите беше дело на повеќегодишни истражувања. Исто така мора да се спомене дека на советувањето беа присутни голем број на универзитетски професори, академици, преставници на бизнис заедницата и останати гости кои на некој начин се поврзани со областа.
Во конструктивна атмосфера од кога беа презентирани трудовите се разви дискусија за реалните можности за искористувањето на новите јагленови наоѓалишта. Она што беше оспорено од дел од дискутантите беше комплексноста на јамските јагленови рудници и проблемите кои произлегуваат со тоа. Посебен осврт беше направен на безбедностите аспетки на јамските наоѓалишта и искуствата кои се имаат во Македонија а кои се поврзни со вадење на други рудни минерали.
Мошне малку беше дадено внимание на влијанието на еден ваков рудник врез животната средина врз еден од еколошки најнезагадените региони во Македонија. Презентираната анализа беше доста општа и недоволна да се прикажи реалното влијание на рудникот и евентуалната термо централа врз околината.