Истражувачи од целиот свет работат на големо обидувајќи се да ја развијат соларната технологија, како во поглед на ефикасноста, така и во поглед на употребените материјали и производството.
Научниците од Универзитетот Нотр Дам, САД, развија нешто што тие го нарекуваат „соларна боја“, која би можела да се нанесува на надворешноста на зградите како би генерирала електрична енергија.
Иако засега нивото на ефикасност на соларната боја е ниско (1%) во споредба со просечната ефикасност на комерцијалните фотоволтаици (15%), таа е евтина и лесно може да се произведе во големи количини. Со цел да ја создадат соларната боја, научниците користеле нано-честици од титаниум диоксид кои потоа се обложени со кадмиум сулфид или кадмиум селенид. Потоа, честичките ги потопиле во раствор на алкохол и вода, со цел да создадат паста за премачкување. Кога смесата ќе се нанесе на проѕирен проводен материјал, таа произведува електрична енергија. Со помош на овој изум секоја куќа и зграда може да стане голема електрична централа.
Од друга страна, на Универзитетот во Флорида, успеале да постават нов рекорд во ефикасноста на соларни ќелии кои можат да се произведат преку процес на ролување (roll-to-roll manufacturing). Овој процес тие го споредуваат со печатење на весници.
Производството на соларни ќелии со процес на ролување не е нова идеја. Само замислете да можете да залепите фотоволтаични фолии на надворешноста на зградите, колите или пак облеката. Но, до сега овие фолии не беа доволно моќни да произведат одредено количество енергија по единица површина што би го направило нивното производство економски исплатливо. Истражувачите на Унивесзитетот во Флорида успеале да надминат критичниот праг од 8% ефикасност кај прототип на соларна ќелија, што значи дека се конечно исплатливи.
Тие користеле посебно обработена смеса од цинк оксид и полимер како материјал за пренос на електроните. Иновативниот процес кој го искористија истражувачите за да го нанесат цинк оксидот како слој беше клучен за нивниот успех. Прво го измешале цинк оксидот со полимер како би можел лесно да се нанесе во тенок слој, а потоа го отстраниле полимерот со подложување на силно ултравиолетово зрачење. Ќелиите се составени од повеќе тенки слоеви од различни материјали, секој со можност за апсорбирање на различен дел од спектарот на сончевата светлина, со што се постигнува максимална ефикасност на преобразба на сончевата енергија во електрична.
2 Comments
Nake Tufekciev
ne treba da se zaboravi i AMPERIUMOT koj sozdava revolucija vo prenesuvanje na strujata,so presekod samo 4mm ima poveke od 100 pati pogolem protok na struja od bakarot,ne e naodmet i supercapot so kapacitet od 3000 faradi so polovina milion ciklusi na polnenje praznenje obicni baterii imaat 2000 pati,cenata na koristeni e okolu 20 dolari i do 90 za novi,sto davaat moznost za zamena na akumulatori i baterii
https://www.maxwell.com/ https://www.amsc.com/solutions-products/hts_wire.h…
nikola
јас мислам дека литературно македонски е „сончев/а“, а не „соларен/на“