Иако насловот изгледа како да припаѓа на категоријата „аман од овие празни бомбастични наслови“, сепак, тим на британски научници тврди дека создале револуционерен уред кој може да „создава“ енергија од ништо. Дури ни самите креатори на уредот не се многу сигурни зошто и како работи тој, но независни научници кои спровеле одделни тестирања ги потврдиле резултатите и дошле до заклучок дека уредот произведува многу повеќе топлинска енергија од колилината на вложената електрична. За повеќето, секој ваков изум звучи како да предобар за да биде вистинит, посебно затоа што им пркоси на познатите закони на физиката (енергијата не се создава и уништува, туку може само да се претвора од еден вид во друг).
Џим Лајонс од Универзитетот во Јорк, ко бил замолен да направи независна проценка на системот, потврдил дека „…ова е многу ефикасна замена за досегашните системи за греење. Ја испитавме оваа интересна технологија и добивавме 150-200% повеќе излезна енергија од онаа шпто ја вложивме“.
-Сè уште не нѝ е јасна науката позади ова, бидејќи физичките и хемиските процеси кај уредот се многу поразлични од што било што досега сме го сретнале. Следен наш предизвик ќе биде да откриеме како ова работи – појаснува тој.
Создавачите на цилиндричниот уред со димензии 30х5 cm се надеваат дека „топлинската енергетска ќелија“ набрзо ќе биде достапна за употреба во домовите, што драстично би ги намалило сметките за греење во домовите и во голема мера би придонело за намалување на емисиите на CO2.
Системот е резултат на десетгодишна напорна работа на мал тим од Ековатс лабораторијата во Западен Сасекс. Начинот на кој што работи е со пропуштање на електрична струја низ мешавина од вода, калиум карбонат и течен катализатор на основа на хром. Ова создава реакција при која се ослободува огромно количество енергија споредено со онаа што велгува во системот. Доколку реакцијата се одвива во уред што е опкружен со вода, тоа доведува до загревање на водата која потоа може да се користи за загревање на објекти.
Кога технологијата ќе биде спремна за комерцијална употреба, ќе користи многу помалку енергија за загревање и вода, што од друга страна значи помали сметки за корисниците и поголема заштита на околината. Од Ековатс веруваат дека моделот за резиденцијална употреба ќе биде достапен во продажба за 18 месеци.