Руско Шпански конзорциум потпиша Меморандум за разбирање со српската општина Пеќинци, со кој што се дефинираат условите за изградба на сончева централа, во оваа српска општина.
Документот го потпишаа претседателот на оваа општина Сава Чојчиќ, заменикот на директорот на Асоцијацијата на руската фотонапонска индустрија (RPIA) Јевгениј Загородни, претставникот на RPIA во Србија Андреј Димитријевиќ, генералниот директор на компанијата Exiton LLC Александар Караулов и заменик на регионалниот директор за Источната Европа од компанијата Elecnor S.A. Лорето Техука.
„Општината Пеќинци покажува спремност да во складот со законите на Република Србија и во склад со правните акти на нашата општина, да ја подржи инвестицијата на RPIA. Нашата општина ќе обезбеди поддршка во собирање на вкупната документација која што е потребна за да се реализира една ваква инвестиција“, изјави Чојчиќ.
Според изјавата на општината Пеќинци, конзорциумот кој што е предводен од страна на Асоцијацијата на руската фотонапонска индустрија, се занимава со финансирање, дизајнирање, изградба, управување и со одржување на фотонапонските системи.
RPIA планира да инвестира помеѓу 75-90 милиони евра во развој и изградба на сончевата централа со инсталирана моќност од 30 мегавати и ќе зафаќа површина од 240 хектари. Во текот на изградбата на оваа централа, ќе бидат ангажирани 150 работници, а индиректно околу 180 работници.
Загородни изрази задоволство со приемот во Пеќинци и со досегашната соработка со општинската администрација. „Оваа за нас претставува почеток на една добра соработка, со кој што општината Пеќинци ќе добие вреден проект кој што користи обновлив извор на енергија“, изјави Загородни.
Руско – Шпанска делегација во наредните денови ќе се состани со претставниците на ресорните министерства, со кој што ќе се допрецизираат условите на реализацијата на инвестицијата во општината Пеќинци.
Во Алибунар ќе се изгради ветерен парк
Општината Алибунар доби зелено светло за реализација на втората фаза на проектот со кој што се планира изградба на ветерен парк, кој што вреди 290 милиони евра.
Оваа општина усвои План на детална регулација за изградба на комплекс на ветерни централи, со вкупна инсталирана моќност од 174 мегавати. По тригодишна припрема, Белгиско – Холандска компанија „Wind vision“ доби шанса да поднесе документација за добивање на градежна дозвола.
Со реализација на една од најголемите планирани странски инвестиции во искористувањето на обновливите извори на енергија, во Србија ќе се создадат предуслови за долгорочен локален економски развоја на општината Алибунар, која што е една од најнеразвиени општини во Србија.
„Во развој и во реализацијата на проектот на ветерни електрани во Алибунар од 99 MW и 75MW вложивме наше знаење и долгорочно искуство кое што е стекнато во целиот свет. За комплексот на ветерни централи во Алибунар завршивме и студија со кој што се “