Во текот на Втората светска војна, околу 30 илјади жители на германскиот град Хамбург, се криеше во огромен бетонски бункер, за да се скријат од бомбардирањето на сојузничките сили. Денес овој бункер, кој што стана симбол на војната, полека ќе стани во симбол на една друга војна – војна спротив климатските промени.
Имено, градските власти пред неколку години одлучија да го трансформираат овој бункер во зелена централа, поточно објект кој што ќе ги користи обновливите извори на енергија за добивање на електрична и топлинска енергија. Произведената енергија ќе ги задоволи потребите на топлинска енергија на околу 3.000 домаќинства и потребите на електричната енергија на 1.000 домаќинства.
Трансформацијата на бункерот започна во 2011 година, на пред неколку месеци, на кровот на бункерот е поставена голема, сончева централа. Изградбата на самиот бункер започна уште во далечната 1943 година. По завршетокот на Втората светска војна, британската армија во 1947 година се обиде да го сруши овој објект, но поради дебелите ѕидови на објектот, само ја оштетија структурата на објектот.
Обновата на бункерот започна во 2011 година, а напредокот е видлив на секој чекор. Во бункерот е отворено кафуле, каде што посетителите можат да уживаат во убавиот поглед на градот. На самиот покрив е поставена сончева термална инсталација, а работниците интензивно работат на довршувањето на фотонапонската инсталација.
Покрај опремата која што ќе ја користи сончевата енергија, во бункерот ќе се инсталира и мини биометанска когенерациска постројка на биомаса. Комплетната реконструкција на објектот ќе биде завршена во 2015 година.
Извор:croenergo.eu