Природниот гас е неспорно енергенс на иднината, а конкурентност на националните економии ќе зависи од тоа колку имаат развиена гасна мрежа.
1. Висока цена на временските непогоди
Доколку постои тренд кој што е обележи 2012 година, се разбира од енергетскиот аспект, тоа се негативните последици на временските непогоди. Ураганот Сенди (чудна работа скоро сите јаки урагани имаат женски имиња) донесе големи проблеми на преку 16 милиони фамилии во 16 американски сојузни држави. Ваков “blackout” е незабележан во поновата историја на најјаката светска држава. Исто така и ураганот Ајзак ги затвори најголемите американски рафинерии на нафта, кој што беа лоцирани на крајбрежјето на Мексиканскиот залив. Но не беа само американците соочени со негативните временски последици. Македонија пред скоро една година беше соочена со недостаток на електрична енергија, поради ниските температури. Во сите поголеми градови уличното осветлување беше исклучено. Големата суша исто така остави негативни последици на акумулациите на домашните хидроцентрали. Во иста состојба се соочија и соседните држави. Поентата е јасна, климатските промени се евидентни и имаат големо влијание на енергетскиот систем. Решението е во диверзификација на енергетските извори како и во зголемувањето на енергетската ефикасност.
2. Фосилна револуција во С.А.Д.
Фрактурациско бушење или „ fracking“, е можеби најголем технолошки исчекор во енергетскиот сектор во 21 век. Рака на срце, не се работи за некоја нова технологија, но американските компании го усовршија овој процес за да можат да ги искористат големите неконвенционални резерви на нафта и природниот гас во С.А.Д. Последиците се глобални – С.А.Д. до 2017 година ќе стане најголем производител на нафта, а евтиниот гас ќе ги намали инвестициите во обновливите извори на енергија.
3. Нуклеарната енергија е и понатаму во сенка на Јапонија
Негативните настани во Фокушима имаат големо влијание на искористување на нуклеарната енергија. Јапонската влада, се наоѓа помеѓу јавноста која што има сака да ја укини нуклеарната енергија и помеѓу високите трошоци на користењето на алтернативните горива. Нуклеарната енергија е во стагнација, но да ли постои некој друг вид на евтина енергија која што ќе ги задоволи зголемените енергетски потреби?
4. Кинеската енергетска експанзија
Кина е во голема енергетска експанзија. Според податоците на Меѓународната енергетска агенција, енергетската потрошувачка на оваа држава до 2035 година ќе ја престигни С.А.Д. и Јапонија. Иако Кина инвестира огромни парични средства во искористувањето на нејзините резерви на јаглен и природен гас, тоа не е доволно да ги задоволи енергетските потреби на кинеските граѓани и индустријата. Денес Кина увезува 50% на нафта и 15% на природен гас. За 20 години, таа ќе увезува 80% на нафта и 40% на природен гас.
5. Инвестиции во преносни капацитети
Стабилноста на преносните системи ќе зависи од тоа колку ќе се инвестира во истите. На сите стручњаци им е јасно дека покрај инвестициите во нови производни капацитети, треба да се инвестира и во модернизацијата на преносните капацитети. Индијците најдобро го знаат овој факт, бидејќи на нив им се случи колапс на електро преносниот систем кога преку 650 милиони луѓе останаа без електрична енергија. Европа ќе инвестира 80 милијарди евра во преносните системи до 2020 година.
6. Потенцијални воени конфликти во енергетските точки
Сите воени конфликти во 2012 година се случија во оние држави кој што се битен светски енергетски фактор. Така на пример Иран се закани дека доколку биде нападнат до страна на Израел, ќе го блокира заливот низ кој што поминува 20% од светската нафта. Заканата не е наивна. Исто така ништо помирно не е во Јужно Кинеското море, каде што помеѓу Кина, Филипини и Виетнам, владеат недоразбирања поради контролата над нафтените извори во оваа море.
7. Почнува златниот период на природниот гас
Природниот гас е енергенс на иднината. Големите неконвенционални резерви на природниот гас можат да имаат големи влијанија на глобалната економија. Европските индустријалци веќе стравуваат, дека нивните конкуренти од С.А.Д. поради евтиниот природниот гас ќе имаат помали енергетски трошоци. Пораката е јасна. Подобриот пристап кон природниот гас е клучен за подобрата конкурентност на националните економии.
8. Јагленот е во фокус на странските инвеститори
Иако сите европски политичари изјавуваат дека јагленот треба помалку да се користи, статистиката ги демантира. И во Европа и во целиот свет, користењето на јагленот расте. Според податоците на Институтот за светските ресурси, инвестициите, во изградба на нови термо централи на јаглен, пораснаа за 5,4%. Во овој момент во светот се гради или пак се планира градба на 1199 термо централи на јаглен, со вкупна инсталирана моќност од 1,4 милиони мегавати. Две третини на нови термо централи на јаглен ќе се изградат во Кина и Индија.