Регистрацијата на .eco топ левел домејнот е една од најочекуваните работи во 2013 од страна на еко-активистите. На интернет во тек е голема кампања за регистрација на топ левел домаинот .eco. Битката за кој да менаџира со овој топ левел домаин е помеѓу две компании: DotEco, LLC и Big Room. Двете компании со силни адути и скапи кампањи се обидуваат да докажат пред регулаторите дека треба ним да им се дозволи да ги откупат правата.
DotEco, LLC е компанија која е здружена со непрофитната организација на АЛ Гор, Алиансата за заштита на Климата и други непрофитни организации. Доколку тие ги добијат правата на овој домеин тие тврдат дека 50% од остварениот профит од .eco домаинот ќе биди донирани за истражувања и непрофитни организации кои се занимаваат со заштита на околината.
Big Room исто така лобира кај ICANN за добивање на овој топ левел домаин. Слично како и DotEco, LLC и тие собираат силна коалиција како би им покажале на регулаторите дека тие се вистинските на кои би требало да им се додели овој мошне посакуван топ левел домаин. И тие исто така трвдат дека дел од профитот ќе иди кај непрофитните организации, аткивистите и научниците кои се занимават со заштита на околината, но за разлика од нивните конкуренти тие не кажуваат колку од нивниот профит ќе поделат со нив.
За точен датум кога ќе заврши оваа мала војна за добивање на овој топ левел домаин нема најави. Она што се знае е дека двата конкуренти вложуват доста ресурси и средства во лобирање и убедување дека тие треба да ги откупат/добијат правата. Досега и двете компании имаат потрошено милиони во аргументирање на нивните факти. Она што може да се предптостави е дека одлуката најверојатно ќе биди во текот на 2013 година. Дали ќе се случи на почетокот или подоцна во текот на годината засега нема официјална информација.