Доколку го земеме примерот на инвестирање во ветерни генератори во Велс, ќе мора да помине уште доста време додека зелената енергија не стане дел од нашата реалност. Имено властите во Велс инвестирале 48.000 фунти во ветерница која што на месечен ниво произведува електрична енергија во вредност од 5 фунти. Со едноставна пресметка, можеме да видиме дека времето на поврат на инвестицијата изнесува 800 години!
Доколку ја „засилат“ ветерницата, тогаш повратот на инвестицијата ќе изнесува „само“ 450 години.
Па каде е проблемот? Едноставно ветерницата е поставена на погрешно место. Таа е поставена во долина, помеѓу високи згради и уште од самиот почеток беше јасно дека нема да работи како што треба. Да е поставена на друго, поадекватно место, ќе работеше како што треба да работи и инвестицијата ќе се вратеше за осум години.
Извор: Б92