Како од обичен да направите електричен велосипед?
Голем број на претприемачи се фалат со изјави дека имаат производ/услуга која што ќе го промени светот. Но во случај на младите ентузијасти од Њујорк, нивниот иновативен производ, можеби навистина ќе го смени начинот на нашето живеење.
Имено се работи за производ наречен “Smart Wheelu”, моторизирано тркало кое што може да се постави на секој велосипед и кој што по инсталирањето на тркалото станува електричен велосипед.
Сообраќајните гужви се секојдневен проблем на поголемите градови, а денешните електрични велосипеди поради нивната висока цена не се достапни за секој. Нико Клансек од “FlyKlyja”одлучи да ја смени оваа состојба и пронајде поевтин начин како обичниот велосипед да се трансформира во електричен.
Нивниот изум наречен “Smart Wheel”, е всушност тркало со инсталиран мотор со кој што можете да го возите вашиот велосипед со брзина и до 30 km/h. Едно полнење на батериите ви овозможува возење до 50 km.
Производителите се надеваат дека “Smart Wheel” ќе ги поттикне луѓето повеќе да користат велосипед дури и во оние состојби кога тоа не би го направиле. Својот производ го нарекуваат како „паметен“ поради системот кој што на возачите им овозможува управување на велосипедот по пат на своите паметни телефони.
Со помош на апликација, велосипедистот може да ја одреди максималната брзина со која што сака да патува, а апликацијата воедно може да се искористи и како GPS, брзиномер и како систем на заштита во случај на кражба.
Производот прв пат се појави на сајтот Kickstarter пред еден месец и до сега е собрано преку 275.000 долари. Компанијата се уште не ја дефинира цената за својот производ, но од компанијата велат дека цената на оваа тркало ќе биде пониска од цената на електричните велосипеди.
Извор:INDEX.HR
Извор на сликите: kickstarter.com