Компанијата “Pavegen System LTD” е одоговорна за изумот со кој човечкоото одење се искористува за производство на електрична енергија. Нејзиниот директор – Лоренс Кембел Кук е тој кој прв сватил дека во човечкото одење има голем потенцијал за производство на електрична енергија. Имено неговата компанија нуди на пазарот еден вид на плочка која кинетичката енергија од одењето ја претвора во електрична енергија. Една од првите гумени Pavegen Плочки е поставена во еден трговски центар во Лондон . Внатрешниот дел на плочката ја апсорбира кинетичката енергија и ја претвора во електрична енергија која потоа или се складира во литиумска батерија или се оддава на најблискиот електричен уред. Комплетно е направена од рециклирани материјали (рециклиран алуминиум за внатрешниот дел, горниот дел е направен од користени гуми). Животниот век му е околу 5 години или некои 20 милиони чекори.
Во Велика Британија од каде што доаѓа оваа иновација имаат големи очекувања од Pavegen System LTD и внимателно се следи нивниот развој. Во моментот покрај инсталацијата во трговскиотцентар во Лондон има инсталации во метро станица во Вест Хем како и во едно училиште. Развојниот тим во Pavegen се надева да со добиените податоци од овие места ја надгради својата иновација со што би се приближиле уште еден чекор кон нејзина масовна примена и комерзијализација. За тоа која ќе биди иднината на оваа иновација останува да се види во иднина и дали еден ден сите ќе одиме по плочници кои ќе генерираат зелена енергија.