Истражувачите на МИТ ја подобрија ефикасноста на малите пиезоелектрични генератори и начинот на кој се искористуваат вибрациите од околината за производство на 100 пати поголемо количество на електрична енергија од досега.
Тие изработија уред со големина на метална паричка која може да регистрира голем опсег на вибрации од кои ќе произведе повеќе енергија.
За потсетување, пиезоелектричен ефект, или пиезоелектрицитет претставува генерирање не електрицитет во материјал кој е под дејство на механички притисок. За производство на струја, стандардните пиезоелектрични генератори имаат микрочип залепен еднострано за некоја носечка греда. Чипот е составен од неколку слоеви на посебен пиезоелектричен материјал, како кварц, во кој се создава електрицитет при механички притисок. Потоа, преку мали електроди тој електрицитет се спроведува до онаму каде што има потреба.
Меѓутоа, во практика, количината на генериран електрицитет кај ваквите уреди зависи во голема мера од количината на ибрации кои ги регистрира. Како што се намалува притисокот на гредата, така и генераторот произведува помалку енергија.
Но, од МИТ се одлучија за поинаков пристап. Наместо еднострано прицврстување на нивниот чип кој содржи неименуван пиезоелектричен материја, тие чипот го прицврстија од двете страни, како мост. Преку голем број на тестови, тие открија дека чипот реагира и при најмала вибрација. Истражувачите пресметаа дека нивниот уред може да генерира 45 микровати моќност, што е за двојно повеќе од моменталните уреди. Даниел Инман, член на тимот, нагласува дека уредот треба да реагира на уште пониски вибрации, бидејќи во природата ретко вибрациите се случуваат со голема фрекфенција.
-Нашата цел е барем 100 микровати, доволно за управување на пример, на надзорни системи. Со овие 100 микровати може да се напојува цела мрежа на паметни сензори кои ќе можат да комуницираат меѓусебно засекогаш – вели тој.
Сè уште во зачеток
Пиезоелектричните генератори искористуваат практично непресушен извор кој е присутен насекаде. Иако технологијата е сè уште во развојна фаза, веќе почна да се пројавува голем интерес за искористување на сè што се движи.
Во Јапонија работат на проби уште од 2010 година. На железничката станица во Токио се поставуваат плочки за подот со вградени пиезоелектрични генератори, со цел да се искористи фрекфенцијата на луѓе и притисокот кој тие го ствараат врз подот. Сличен проект се одвива и во Израел, каде намерата е да се искористи тежината на возилата, од каде со произведената енергија би се озветлувале улиците и патиштата. Од другата страна на светот, на Унивезитетот Корнел изработија систем за производство на струја и при најмало ветре, при што од пиезоелектричниот материјал ќе се генерира електрицитет. Она што е посебно занимливо за оваа технологија е што може да се користи и во мали размери. Имено, минатата година беа дизајнирани патики со вграден пиезоелектричен чип во делот под петицата, со чија помош џогерите би можеле да си ги напојуваат своите MP3 плеери.
Значи, патиките на нозе, плеерот в рака и право в парк 🙂