При прво спомнување на поимот енергетска ефикасност, прво што нѝ паѓа на памет е заштеда на енергија по пат на инсталирање на штедливи светилки, соларни колектори за топла вода, топлинска изолација, ПВЦ дограма итн. Но покрај овие методи на зголемување на енергетска ефикасност, постои уште еден метод за кој можеби не сте слушнале, но кој има голем ефект во заштеда на електрична енергија, како во станбени објекти така и во канцеларии и други деловни објекти.
Сите сме имале прилика да видиме како работи флуоресцентна светилка. Од нашите школи, преку болници, канцеларии итн. И сите знаеме дека овие светилки трошат малку електрична енергија за разлика од класичните светилки. Но дали знаете дека потрошувачката на електричната енергија на флуоресцентната светилката може да се намали и до 25%? Да, a еве и како.
Имено, се работи за замена на флуо-арматури со класични пригушници и флуо-цевки, со флуо-арматури со економични флуо-цевки и електронски пригушници. За оние што првпат се соочуваат со овие термини да им појасниме. Се работи за замена на делот кој што го прилагодува напонот на флуоресцентната светилката – пригушница. Значи пригушницата има улога да ја ограничува струјата. Tаа може да биде магнетска или електронска. Магнетските пругушници претставуваат индуктивен терет, па од таа причина секогаш се користат компензациски кондензатори. Поради релативно големите загуби кај магнетските пригушници (и до 25%), и поради други причини сè повеќе се користат електронски пригушници.
Во наредната табела ви ги прикажуваме економските ефекти на замената на флуо-арматури со класични пригушници и флуо-цевки со флуо-арматури со економични флуо-цевки и електронски пригушници:
|
Текстот е напишан од страна на Трифун Запаренко, директор на компанијата Лајт Елком Битола,
e-mail: trifun_bt@yahoo.com
One Comment
Pingback: Енергетско ефикасни пригушници | Svastarnik