Најголемите потрошувачи на електрична енергија во една канцеларија се пред се клима уредите, печатарите, копир апаратите, компјутерите како и осветлувањето. Со поефикасно користење на овие уреди можете да остварите заштеда на трошоците на електричната енергија и до 20%, а понекогаш и до 50%! Во денешниот пост ќе ви ги прикажеме како да ја зголемите енергетската ефикасност во вашата канцеларија.
Компјутери и печатари
Исклучете го компјутерот, доколку идите на пауза или кога компјутерот нема да го употребувате подолг временски период. На ваков начин можете да заштедите и до 60% во потрошувачката на електричната енергија. Доколку правите кратка пауза искористете ја функцијата “hibernate” или “bookmark”. Компјутерите ќе ви работат со минимална потребна енергија, но од друга страна сите фајлови ќе ви бидат сочувани.
Исклучете ги мониторите доколку не го користите компјутерот. Мониторите се големи потрошувачи на електрична енергија. Нивното учество во вкупната потрошувачка на електричната енергија на компјутерот иди и до 10%.
„Мониторот кои што останува вклучен преку ноќ, троши како и ласерскиот печатар кога печати 800 страни!„
Доколку сакате да пазарите нов компјутер размислете да пазарите лаптоп наместо класичен компјутер – зафаќаат помала површина, мобилни се и што е најбитно трошат помалку електрична енергија. Исто така гледајте да пазарете опрема која што е енергетски ефикасна поточна опрема која што има А++ енергетска класа. Овие уреди трошат и до 45% помалку електрична енергија за разлика од апаратите кои што е со D енергетска класа.
Фотокопир апарати
Како и кај компјутерите, доколку не ги користите исклучете ги.
Фотокопир кои што останува вклучен во текот на ноќта, ќе потроши електрична енергија со која што може да ископира околу 5300 копии!
Осветлување
Угасете ги светилките доколку не ви е потребно дополнително осветлување. Користете ги сензорите за движење, кои што ги вклучуваат/исклучуваат светилките. Класичните светилки сменете ги со енергетски ефикасни светилки – неонки, LED….итн.
Дополнителни интервенции
Подобрете ја изолацијата околу надворешните врати и прозорци.
Клима уредите да работат според пропишаните упатства.
Имајте билки во вашата канцеларија.