Погледајте ги најголемите хидроцентрали во Босна и Херцеговина според инсталираниот капацитет.
Чапљина
Капацитет: 420 MW
Оваа хидроцентрала е изградена во 1979 година на река Требишњица. Во тоа време таа претставуваше и прва реверзибилна централа во тогашната СФРЈ, со два инсталирани агрегати од по 210 MW. Проектот за оваа централа е направен во 1968 година. Според проектот, предвидена е изградба на класична хидроцентрала, но покасно се усвои техничко решение според кое е изградена реверзибилна централа.
Вишеград
Капацитет: 315 MW
Оваа хидроцентрала е изградена во 1989 година. Има инсталирана сила од 315MW – 3×105 MW турбини, кои што во просек произведуваат 1010 GWh. Рекордното производство на оваа централа изнесува 1.283,05 GWh на електрична енергија и е остварено во 2010 година.
Дубровник
Капацитет: 216 MW
Оваа централа е последна централа на реката Требишњица кој што поминува низ две држави Босна и Хрватска. Централата ја користи водата од акумулациското езеро Билеќа, која што е создадено со изградба на браната Гранчарево.
Салаковац
Капацитет: 210 MW
Оваа централа е изградена на реката Неретва, поточно на 17 m узводно од градот Мостар. Годишното производство на оваа централа изнесува околу 410 GWh.
Јабланица
Капацитет: 180 MW
Оваа централа е значаен електро енергетски капацитет на електро стопанство на БиХ со годишно производство од околу 771 GWh. Во последните неколку години се работеше на комплетна ревитализација на оваа централа со цел да се продолжи животниот век на централата. Со ревитализацијата на оваа централа е зголемена и самата сила од почетните 150 на 180 MW.
Требиње I
Капацитет: 180 MW
Хидроцентралата Требиње I e е прв електро капацитет на површинскиот дел на реката Требишњица. Се наоѓа на околу 17 km узводно од Требиње.
Рама
Капацитет: 160 MW
Оваа хидроцентрала е изградена уште во далечната 1968 година. Инсталираната сила на овој капацитет изнесува 160 MW со просечно годишно производство од околу 650 GWh.
Грабовица
Капацитет: 115 MW
Хидроцентрала Грабовица е сместена во кањонскиот дел на реката Неретва, 13 km низводно од ХЦ Јабланица и околу 35 km узводно од Мостар. Оваа централа произведува околу 345 GWh на електрична енергија на годишен ниво.
Бочац
Капацитет: 110 MW
Централата е изградена во 1981 година. Централата ги користи водните капацитети на реката Врбас, поточно 16,2% на вкупниот хидропотенцијал на оваа река.
Мостар
Капацитет: 72MW
ХЦ Мостар е последна изграден капацитет на реката Неретва. Изградена е во 1987 година.
Извор: energis.ba