Полета швајцарски експериментален авион „Солар Импулс“, кој лета на погон на сончева енергија.
Овој авион-едносет, кој го држи светскиот рекорд во лет на погон на сончева енергија од 26 часа, би требало да пристигне на својата цел во Белгија за околу 12 часа.
„Соларис Импулс“, кој е со должина на крилата како и секој просечен голем авион, но тежи колку еден обичен автомобил, својот прв лет го имаше во јули 2010 година. Тој е првиот авион кој останал во воздух повеќе од 24 часа користејќи се единствено со соларен погон.
Авионот е дело на швајцарскиот научник Бертран Пикард, кој на прототипот на ова летало работеше цели седум години. Пикард стана познат во светот по тоа што е првиот човек кој ја обиколи Земјата со балон без слетување.
Единствен извор на енергија на „Соларис Импулс“ е сончевата светлина која се акумулира во повеќе од 11.628 монокристални соларни ќелии распоредени по целата површина на крилата на авионот.
Авионот има четири соларни електромотори со моќност од по десет коњски сили. Тој е долг 21,85 метри, со распон на крилата од 63,40 метри и е тежок 1.600 килограми. Во јули 2010 година авионот леташе 26 часа на висина од 8.534 метри со просечна брзина од 42,6 километри на час.
Бертранд планира во текот на оваа година да го произведе и вториот прототип на соларен авион кој ќе има херметички затворена кабина и ќе биде прилагоден за лет околу Земјата. Според неговите планови, летот околу Планетата овој прототип би требало да случи во текот на 2013 или 2014 година.
Преземено од:КУРИР