За да се задоволат градежните прописи и за да се изградат објекти со голема енергетска ефикасност, сите објекти треба да се изолираат. Изолацијата има за улога да го заштити објектот од ладење во зимскиот период, како и да го заштити од претерано греење во летниот период. Топлотно изолиран објект има подолг век на употреба, покомфорен е и ја штити животната средина. Ако сакаме објектот квалитетно да го изолираме, потребно е да ги познаваме карактеристиките на изолационите материјали.
Како најпогоден топлотен изолатор се јавува камена волна. На второ место се јавува стиропор. Кога се одлучувате кој изолацион материјал да го купите, имајте предвид и тоа какви се неговите други карактеристики како што се животниот век на материјалот, колку е отпорен на влажност итн.
Камената волна е добар топлински изолатор со коефициент на проводливост од 0,035 и 0,045 W/mK. Тоа е топлински изолатор со минерално потекло и се користи како топлинска, звучна и противпожарна изолација. Отпорна е на старење и распаѓање, како и на разни микроорганизми и инсекти. Се препорачува за топлотна изолација на надворешни објекти, како и во преградни ѕидови за звучна изолација. Не се препорачува за изолација на подрумските ѕидови, посебно ако се под земја.
(Сликата е преземена од Алтернативна енергија )
Покрај камената волна, како добар изолационен материјал се јавува стиропор или полистирен. Се одликува со одличен коефициент на топлинска проводливост, ниска цена и едноставност на употреба. За разлика од камената волна, стиропорот може да се користи како подрумска изолација. Но за разлика од камената волна има слаба противпожарна заштита.
Полиестерска пена, исто така се доста употребува како изолационен материјал, посебно како изолација на покривите. Има добри карактеристики на температурните промени и на влага, но поради високата цена не е во масовна употреба како камената волна и стиропорот.
Покрај наброените материјали, на пазарот се јавуваат и други материјали, како што се целулоза, глина, перлит, лан, вермикулит итн. Но поради слаб коефициент на топлинска проводливост потребни се поголеми дебелини на овие материјали.