Пред една година пишувавме за иницијативата на Хабитат, со која што се подобруваше топлинската изолација на станбените згради ширум Македонија.
Во српските градови се случува нешто слично. Конкретно сметките за греење во Шабац, благодарејќи на проектот на унапредувањето на енергетската ефикасност, се пониски и до 30%. По поставувањето на изолацијата и на нови фасади, на објектите изградени пред 1980 година, градот доби поубави згради а станарите добија помали сметки за греење и електрична енергија.
На Светозар Росиќ од Шабац, станар на зграда која што е изградена уште пред 50 години, минатата зима не беше ниту ладна ниту пак долга. Благодарејќи на поставената изолација и на новата дограма, температурата во станот достигнуваше дури до 30 степени!
„Пред реновирањето на зградата, плаќав помеѓу 2.500 – 3.500 динари (≈1400- 2000 денари), а сега од 1.300 до 3.000 динари за греење, а се во зависност од надворешната температура.“, објаснува Светозар Росиќ.
Првичната идеја беше естетска измена на фасадата, но со естетската интервенција, жителите на Шабац добија и поубави фасади но и подобра топлинска изолација.
Милош Милошевиќ, градоначалникот на Шабац, вели дека пред четири години, топлинската енергија се плаќа според мерењето на потрошената топлинска енергија а не според квадратурата на станот.
„Вградивме мерачи во станбените згради, така да граѓаните кој што ја поставија фасадата, вклучувајќи ја и изолацијата, плаќаат помали трошоци а становите се потопли.“, изјави Милошевиќ.
Само минатата година во Шабац се реконструирани 12 згради со вкупно 300 станови. Директорката на Јавно станбено претпријатие „Стан“ Љиљана Јовановиќ, вели дека 50% од трошоците ги плаќа градот а 50% станарите и тоа на 12рати, кој што ги плаќаат на „Стан“. Доколку се работи за повисоки згради станарите каде што се поголеми интервенциите, отплатата иди и за период поголем од 12 месеци.
Разликата помеѓу реконструираните згради и оние згради кој што чекаат на реконструкција, е видлива во населбата Живинарник. Душан Драгутиновиќ од Шабац, вели дека ефектите на новата фасада се видливи како од надвор така и од натре.
За проектот на подобрувањето на енергетската ефикасност, градот Шабац ќе издвои 22 милиони динари (≈200.000 евра). Покрај новата изолација, се планира и хидроизолација на рамните кровови.
Извор: RTS