Додека во Македонија се уште чекаме на енергетски пасоши, околните држави полека ги усвојуваат новите правила поврзани со енергетската ефикасност во градежниот сектор. Како што рековме ние се уште чекаме на овие исправи, а што всушност претставува енергетскиот пасош и кои информации ги содржи, ќе видиме во српскиот пример.
Имено, нашиот сосед минатата година донесе одлука со која сите објекти кој што започнаа да се градат или реконструираат по 30 септември 2012 година, мораат да поседуваат енергетски пасош, исправа која што го покажува квалитетот на објектот, комфорот, потрошувачката на енергија како и идните режиски трошоци. Сите овие фактори ќе имаат како што можете да претпоставите влијание на самата цена на објектите.
Според правилникот за условите, содржината и начинот на издавање на сертификатите за енергетските карактеристики на објектите, од 30 септември 2012 година сите новоизградени објекти како и оние кој што се реконструираат (25% реконструкција), мораат да поседуваат енергетски пасош. Тоа значи дека сите оние кој што планираат да градат нови, или пак да реконструираат, адаптираат или пак да ги санираат постоечките објекти, ќе мораат да го набават овој документ.
Што е енергетски пасош?
Енергетскиот пасош е документ, поточно елаборат, кој што содржи податоци за енергетската класа на објектот, кој што ја покажува годишната потрошувачка на топлинската енергија за греење. Овој документ ќе ја олесни купувачката на објектите (становите, деловните простории, производни погони и слично), поточно ќе има големо влијание на цената на објектите. Енергетскиот пасош ќе претставува средство со која што ќе се реализира целта – изградба на енергетски ефикасни згради.
Енергетскиот пасош содржи пет страници, но најбитните се првата, втората и четвртата страница. На првата страна се наоѓаат општите податоци поврзани со објектот, како што се името на сопственикот, локацијата на објектот, фотографијата на објектот, проектантите но и енергетската класа на објектот. Енергетската класа се одредува врз основ на податоците на потрошувачката на енергија за греење на годишен ниво, пресметани врз основ на прописот со кој што се одредуваат енергетските карактеристики на објектот.
Врз основ на овие податоци, објектите (зградите) се класифицираат во енергетски разреди – од А+ со најмала потрошувачка (≤15 kWh/m2a), до G со најголема потрошувачка на енергија (>250 kWh/m2a). Според српските прописи новоизградените згради мораат да бидат во C енергетска класа, додека сите оние објекти кој што се реконструираат, мораат да ја подобрат својата класа за еден разред. Така на пример доколку објектот пред реконструкцијата беше во D енергетска класа, по завршената реконструкција/адаптација, мора да биди во C енергетска класа.
Втората страна на пасошот, ги содржи климатските податоци, податоци поврзани за термотехничките системи и елементи на термичката обвивка, дограмата која што е поставена – поточно тука ќе ги дознаете сите детали кој што се поврзани со топлинската изолација на зградата.
Третата страна ги содржи сите податоци, поточно пресметка за потрошувачката на енергијата. Ова ќе ви овозможи да пред него што ќе го купите станот, да ги пресметате енергетските трошоци.
Четвртата страна ги содржи мерките, кој што се предвидени за унапредување на енергетската ефикасност на објектот. Овие препораки се напишани од страна на лиценцирани инженери. Исто така, тука ќе ги најдете и податоците во врска со тоа колку би ве чинело унапредувањето на енергетската ефикасност на објектот. Овој податок е битен, бидејќи тој може да има големо влијание на одредувањето на цената на објектот. Последната страна ги содржи објаснувањата на сите технички поими кој што се искористени во пасошот.
Немате пасош, немате ниту употребна ниту пак ни градежна дозвола
Сите оние кој што планираат за ѕидаат нов објект, доколку сакаат да имаат градежна и употребна дозвола, ќе мораат да имаат елаборат за енергетска ефикасност, кој што го смена елаборатот на градежната физика. Од кога ќе го прибавите пасошот, ќе ја добиете градежната дозвола, а од кога ќе ја завршите зградата ќе ја добиете употребната дозвола.
Доколку планирате на направите реконструкција, надградба или некоја друга санација на објектот каде што живеете, морате да знаете да доколку овие интервенции се прават на повеќе од 25% на објектот, по направените интервенции, ќе мора да извадете енергетски пасош, кој што ќе ги покажи направените интервенции, со кој што се подобри енергетската класа на објектот.
Кој ги издава енергетските пасоши?
Елаборатот, односно енергетскиот пасош го издава инженерот, кој што го положи стручниот испит и кој што ја поседува лиценцата 381. За да се избегнат недоразбирањата, купувачите мораат да знаат дека секој пасош, мора да биде оверен од страна на физичкото лице, односно од страна на инженерот со положена лиценца или пак од страна на специјализирана компанија. Значи само оверен енергетски пасош може да биде валиден.
Елаборатот се работи за целина, значи не за посебен стан или посебна соба, без разлика да ли се работи за зграда со повеќе станови или пак за фамилијарна куќа. Пасошот важи 10 години.
Пред издавањето на дозволата, неопходно е да се направи техничкиот прием на објектот, каде што овластено лице на самиот терен, ќе ги провери сите карактеристики на објектот, кој што се внесени во пасошот. Доколку сите карактеристики кој што се внесени во пасошот реализирани и во пракса (потврдени), пасошот ќе биде оверен со печат и ќе стане валиден документ кој што ќе важи 10 години.
Објектите кој што не мораат да го поседуваат енергетскиот пасош
Со правилникот се предвидоа и објектите кој што не мораат да имаат енергетски пасош. Според правилникот тоа се:
- Постоечки згради кој што се продаваат, даваат во закуп, реконструираат или енергетски санираат а кој што имаат помалку од 50 квадрати
- Зградите кој што имаат ограничен век на користење, на две години и помалку
- Згради со привремен карактер (сместување на луѓето или на градежниот материјал во текот на градењето)
- Работилници, производни хали, индустриски згради и други деловни згради која што во склад со својата намена мораат да бидат отворени повеќе од пола на работното време, доколку немаат вградени воздушни завеси.
- Згради наменети за одржување на религиски обреди
- Постоечки згради кој што се продаваат или правото на сопственоста се пренесува во стечајната постапка, во случај на присилната продажба
- Згради кој што се одреден режим на заштита
- Зградите кој што се не греат или се греат до максимум +12°C
Извор: Centar pasivna kuca