Како што пишувавме, српското електро стопанство се наоѓа во многу тешка финансиска состојба, но тоа не го спречува да ја подели 13 плата на своите вработени. Имено српското електро стопанство подели на своите вработени по 25.000 динари (≈ 13.700 денари). Оваа исплата беше направена во последниот месец на 2012 година.
Како што известува српскиот весник „Курир“, иако компанијата должи повеќе милијарди динари и има намера дополнително да се задолжи за дополнителни 30 милијарди, потроши 800 милиони динари за 32.000 вработени, кој што во просек примаат помеѓу 50.000 до 60.000 динари (≈27.500 – 33.000 денари).
Оваа исплата чуди, земајќи ги во предвид изјавите на директорот на ЕПС Александар Обрадовиќ, кој што изјави дека компанијата ќе банкротира доколку не земи нов кредит.
Имено, во последниот месец на 2012 година, беше извесно дека српското електро стопанство ќе има негативен готовински тек за 2012 година во вредност од околу 30 милијарди динари. Предвидениот готовински тек за 2013 година изнесува околу 50 милиони динари. Поради овие финансиски показатели, компанијата одлучи да земи кредит во вредност од 30 милијарди динари. Но и покрај тешката финансиската состојба во која што се наоѓа компанијата, тоа не ја спречи да исплати близу една милијарда динари на своите вработени.
„Требаше да се подели по 50.000 динари, но се одлучи да ја преполоват оваа сума. Остатокот ќе го добиеме во март. Овие „позајмици“ се редовни во нашата компанија, а вработените најчесто не ја враќаат.“, изјави еден од вработените на ЕПС кој што сакаше да остане анонимен.
Во самата компанија признаа дека исплатија по 25.000 динари, но не како плата, туку како позајмица.
„На сите вработените, а се во склад со договорот со синдикатот, исплативме по 25.000 динари. Доколку имаме пари ќе го исплатиме и вториот дел на позајмицата, но тоа не можеме да гарантираме.“, изјавија во ЕПС.