Градежниот факултет во Скопје вчера доби нова лабораторија наменета за испитување топлотна спроводност на градежни материјали, односно материјали што се изолациски, како и за спроводност на звук. Оваа владина инвестиција е вредна 300.000 евра, а факултетот веќе ја почна постапката за акредитација до крајот на годинава. Тоа ќе овозможи лабораторијата, освен за научноистражувачки, да се користи и за комерцијални цели.
– Ќе им носи приходи на самиот факултет и на универзитетот, а истовремено ќе му овозможи и на приватниот сектор да врши разни видови проверки на нивните производи. Ваква лабораторија речиси нема во поширокиот регион, освен една постара верзија во соседна Бугарија, но прилично постара и со помалку перформанси од оваа лабораторија што ја набави Владата – изјави премиерот Никола Груевски на отворањето.
Извор: Дневник