Некаде на почетокот на оваа година пишувавме за соларниот брод чија мисија беше да го сврти целиот свет придвижуван единствено од соларна енергија. 548 дена подоцна бродот Туранор и неговиот екипаж ја комплетираја својата мисија. Пат исполнет со авантури и неизвесноти е нешто што накусо опиша дел од екипажот при пристгнувањето на бродот. Според нив речиси да ни во ниеден момент не дошле во прашање ситуации од типот на навигација, временски неприлики, проблеми со напојувањето, сончевите колектори…нивниот најголем проблем бил така речи повеќе од субјективна природа. Ако така може да се квалификуваат пиратските закани. Наголемиот проблем го имале додека пловеле крај брегот на Африка, поточно додека пловеле во денес озлогласените пиратски води околу Јемен и Сомалија каде веќе има регистрирани напади од пирати.
Тоа беше речиси еден месец исполнет со стрес и со наоружани војници на бродот – раскажува 39 годишниот капетан на бродот Рафаел Домијан. Додека пловеле помеѓу Јемен и Сомалија пловеле само со 5 чвора (недоволна сончева радијација) додека вообичаено пловеле со 15 до 20 чвора. Пловејќи покрај бреговите на Јемен имале војници на бродот кои има се заканувале со затвор, додека покрај бреговите на Сомалија за малку не биле земени како заложници од страна на пирати.
Сепак без разлика на се екипажот и капетанот се задоволни од патувањето и од она што е постогнато со него. Според капетанот тие би го завршиле патувањето доста порано доколку не би застанувале на некои места каде вршиле промоција на соларната енергија и нејзината важност. Паралелно со промовирањето на соларната енергија и нејзината употреба според капетанот ова патување покажа дека за прв пат брод може да се обраќа и на поголеми дистанци без употреба на мотор (дизел, гасен или било каков). Според капетанот неспоредливо е патувањето со Туранор и со останатите бродови во смисла на тоа дека бродот не ствара никаква бука и има доста помали вибрации. Да се набљудува морето и делфините од една таква перспектива е мошне подобро одколку да се набљудува од класичен брод придвижуван од дизел мотор се зборовите на капетанот на бродот.