Енергетски норми во Франција и Италија
Она што можеме да забележиме од табелата за енергетските норми, која што ја објавивме минатата недела, е дека француските норми вклучуваат греење, топла вода, вентилација, светло и дополнителна потрошувачка, додека италијанските норми е вклучена само енергијата која што е наменета за греење. Во С.А.Д. и Канада се користат норми кои што се нарекуваат Leadership in Energy and Environmental Design (LEED). Оваа норма е искористена и во други држави.
Како да ја постигнеме ниско – енергетската градба?
Постои голем број на фактори кои што имаат големо влијание на ниско – енергетската градба. Една тема или еден натпис не можат да бидат доволни за да се објасни овој концепт. Но кога ќе ги резимираме сите аспекти на овој концепт, тие можат да се групираат во две групи:
Заштеда на енергија – од самиот архитектонскиот облик на градбата, ориентацијата, топлотната изолација, внимавање на топлинските мостови, користење на енергетски ефикасни уреди…
Користење на обновливи извори – користење на сончевата енергија за производство на топла санитарна вода или за производство на електрична енергија. Користење на геотермалната, соларната и енергијата на ветер, го намалува еколошкиот “footprint” на градењето и ја штеди енергијата. Комбинирање на користење на обновливи извори на енергија со енергетско ефикасни уреди ги постигнуваме најбараните ниско – енергетски норми.
Зошто треба да градиме ниско – енергетски објекти?
Ова е многу битно прашање. Зошто да не ја продолжиме праксата со изградба на конвенционални објекти? Поради 2 основни причини:
Енергијата станува се поскапа и поскапа. Енергијата е производ, а секој производ си има своја цена на чинење. Но исто така овој производ се нуди на пазар и неговата цена зависи од односот на понудата и побарувачката за овој производ. Побарувачката за овој производ е голема и секој ден е се поголема и поголема и според тоа и самата цена за овој производ се зголемува. „Peak Oil” – намалување на залихите на фосилните горива, кои се главен ресурс за добивање на електрична енергија се сè помали и помали па и тоа има големо влијание на самата цена на електричната енергија. Според ова концептот на ниско – енергетски градби значи помали трошоци на подолг период како и подобар животен комфор и стандард.
Намалување на еколошкиот “footprint” – предолг временски период живеевме на неодржлив начин. Ресурсите кои што ги користевме се или тешко обновливи или во целост необновливи. Голем број на показатели ни велат дека го достигнавме еколошкиот “overshoot”. Ниско – енергетската градба можеби не е одговор на овие проблеми, но сигурно е дел на решението.
За крај
Без разлика на различни норми за овој вид на градби, кои што се дефинирани во различни држави, тие ги делат истите фундаментални карактеристики. Овие објекти користат решенија кои што користат помалку енергија и исто така користат обновливи извори на енергија. Ниско – енергетска градба не е конечна дестинација веќе само една етапа.
Извор: Šta je nisko-energetska gradnja i kako je definisana?