Справувањето со отпадот е еден од проблемите со кој е засегната речиси секоја земја. Иако западните земји доста поефективно се справуваат со отпадот за разлика од земјите во развој впечаток е дека сеуште не е комплетно решен проблем. Најголем проблем се илегалните депонии кои никнуваат без најава и ги има насекаде. Таквите депонии растат се додека некој од градските власти не ги забележи или некој не ги пријави. За жал се до моментот додека се преземи нешто поминува доста големо време и од некоја мала депонија станува голема депонија за која треба време да се расчисти.
Едно од прифатените решенија за обележување на нелегални локации за депонии е со онлајн обележување на локациите каде што се наоѓаат. Trashout.me е апликација за паметни телефони која овозможува мапирање на нелегалните локации со отпад. Со помош на апликацијата покрај мапирањето на отпадите можи да се аплоудираат и слики се со цел потврдување на локацијата и како доказ до властите кои треба да погрижат за негово расчистување.
Апликацијата беше за првпат лансирана во Словачка каде што беше и изработена. Со помош на оваа апликација стотици на такви депониии беа мапирани и пријавени до министерството за животна средина кое потоа ја презеде обврската за чистење на истите. Апликацијата е достапна за бесплатно користење на ајфон како и на андроид корисници.