АД „Електрани на Македонија“ утре ќе ја пушти во употреба новата хидроелектрана „Св. Петка“, лоцирана меѓу ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка, со што оптимално се искористува хидропотенцијалот на реката Треска. Хидроелектраната, чија изградба чини околу 70 милиони евра, ќе биде со инсталирана моќност од 36,4 мегавати и годишно производство од 66 гигават часови електрична енергија.
Браната на новата хидроелектрана е лачна, со двојна закривеност и изработена без арматура со посебен бетон кој не создава пукнатини и е отпорен на мрзнење. Нејзината висина изнесува 69 метри со должина на круната од 118 метри, а нивото на круната е на 364 метри надморска височина. Направена е од бетонски блокови од кои подложните се со ширина од 10 метри, а завршните се широки два метра. Во неа се вградени 29.000 метри кубни бетон.
Извор:+Инфо
2 Comments
lidija
Blog koj zasluzuva vnimanie. Redovno Ve sledam i so vnimanie citam. Pozdrav
Предраг Стојковски
Благодриме Лидија на позитивниот коментар. Продолжете и понатаму да не следите:)
Поздрав!