Нова услугоа е-пункт промовир ЕВН Македонија со која на корисниците им овозможува да ги плаќаат фактурите за електрична енергија преку интернет со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.
Брзо, лесно и сигурно со новата улуга ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, трошоците за нов или повторен приклучок, како и други долгови, без никаква провизија. Услугата е наменета за физички лица, а корисниците кои имаат повеќе броила, можат да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место.
За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.evn.mk потребно е да се внесе корисничкиот број, бројот на фактурата за електрична енергија и електронската пошта на корисникот. Понатаму, при секоја регистрација, корисникот ќе добива детален увид во сите трошоци, во секое време од денот. Со е-пункт, корисниците имаат можност да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на фактурите.
Од компанијата наведуваат дека онлајн плаќањето е одлична можност за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а имаат имот во Македонија, но и за сите оние кои досега имаа навика да плаќаат со кредитни картички во наплатните места на ЕВН Македонија. Со е-пункт корисниците ќе заштедат време, пари и енергија, а во исто време ќе имаат целосен увид на сите трошоци, стои во соопштението.