About the author

Related Articles

9 Comments

  1. 1

    Devil

    Имате некои работи пропуштено дали намерно или не намерно не е битно, јас ќе ги надополнам со кратко објаснување.

    Една од главните работи кај ЛЕД диодите е начинот на кој тие ја произведуваат свветлинаа. Постојат два начини на кој се произведува и тоа:

    1. Полупроводникот од ледиодата генерира светлина од целиот спектар на бои, подоцна посакуваната боја од спектарот се одделува со помошобоениот филтер кој е и самото тело на лед диодата, најчесо ова е обоен епоксит, во зависно од неговата боја тој ќе го пропушта само тој дел од спектарот кој е потребен за да се појави посакуваната боја.

    Овие лед диоди кој се изработени од овај тип најчесто се помал работен век поради тоа што ним им е потребна поголема енергија за да го изгенерираат цел спектар на бои. Се разбира дека и потрошувачката на енергија е поголема, но за домашна употреба таа е занемарлива, но доколку негде имаме поставено поголем број на вакви светилки мора да се пипази и на овај фактор.

    2. Полупроводникот на диодата зрачи само еден дел од спектарот, телото е проѕирно и нема потреба од филтри. Работаат на ист принцип како погорните само што не е потребно генерирање на цел спектар бои и не е потрено филтрирање, овие диоди имаат помала потрошувачка од погорните.

    Друга работа околу треперењето како кај останатите светилки.

    Најчеста шричина за треперењето е малиот квалитет на изработка, лед диодите се полупроводници кој имаат многу поинакви карактеристики од пасивните елементи, обичните волфрамови светилки се многу троми, што не е случај кај лед диодите, ледиодите имаат голема брзина на преминување од проводна во непроводна состојба и обратно, така да доколку во електричната мрежа има шум тој значително ќе се појави при работата на светилката.

    За да се избегнат овие треперења најчесто се користат исправувачи и филтри, зависно од фирма до фирма филтрите и исправувачите се нај различни, а некаде може да се случи и да ги нема.

    Шумот се појавува од најразлични причини, но најчести производители на шум се и самите потрошувачи, поради таа причина сега во скоро секој електронски апарат се вградуваат EMI филтри кој треба да спречат да шумот навлезе према уредот и да спречат да шумот излезе од уредот према мрежата.

    Исто така потрошувачите кој имаат мотор се големи производители на шум.

    За да се избегне шумот се прават добро дизајнирани и пресметани филтри со што ќе се отстрани треперењето кај лед диодите, но поради економски причини некои фирми не припазуваат на некои од карактеристиките при дизајнирање на ваквите филтри и можно е да се појаве треперење.

    Друга работ ана која мора да се припази е аголот како ќе бидат поставени лед диодите, поради нивната моментална градба тие се ограничени со агол во кој можат да ја репродуцираат цела светлина, односно агол од само 36 степени може да предизвика да посакуваната светлина која сакаме да ја добиеме на одредено место изнесува само половина од онаа која ја продуцира ЛЕД светилката.

    1. 1.1

      Предраг Стојковски

      Devil, како и до сега исцрпен коментар и одлично надополнување на текстот! Одличен приказ на функционирањето на ЛЕД диодите. Продолжи и понатаму да не пратиш!

  2. 2

    Ice

    mnogu korisni raboti, bas vakvi led ke stavam pozadi tv na zid. Fala mnogu!

  3. 3

    stefan

    kade ima da se kupat led kaj nas za zamena na 100w obicna domasna svetilka?

    1. 3.1

      Предраг Стојковски

      Здраво Стефан, фала на позитивните коментари, продолжи и понатаму да не пратиш. Што се однесува до ЛЕД расвета види тука или тука

    2. 3.2

      gorazd

      Samo kako potsetuvanje deka vo Makedonija postoi fabrika za proizvotstvo na led osvetluvanje Energetika VDS makedonska tehnologija koja koristi cree diodi so ogromen kvalitet i garancija na sekoja proizvedena svetilka kako i zagarantiran servis na istite.
      Pozdrav

  4. 4

    Анонимен

    Поздрав до сите, одличен сајт со многу корисни работи.

    За ЛЕД светилките би додале неколку битни карактеристики:

    – Дават светло кое е најблиску до дневната светлина и има најдобар индекс на бои

    – Не зрачи инфрацрвено светло кое ги привлекува инсектите, а бидејки не греат не се загадуват од нив, ова е важно посебно за уличното осветление

    – Работат на низок напон и се многу погодни за монтажа на отворено каде може луѓе да дојдат во допир со светилките или каблите

    – Се палат моментално

    – Отпорни се на вибрации, удари и вандализам

    Напомена околу изборот на Лед светилки.

    Денес во светот постојат многу

    производители на Лед светилки, од кои најголемиот дел се наоѓаат во Кина. Бидејки има многу производители на Лед светилки има и голема понуда на производи со најразлични цени. Лед светилките се составени од дел кој што свети ( лед диода или светлечки чип ) , електроника која го напојува и регулира делот кој што свети и дел кој што ја одведува топлината при светењето на диодите најчесто изработен од алуминиум.

    Ова значи дека постојат повеќе компоненти кои се составен дел на една Лед светилка. Добрата комбинација на овие елементи ( квалитетен светлосен чип, квалитетни елементи за електрониката и квалитетно решено ладење ) дава Лед светилка која е квалитетна и ги задоволува сите можни стандарди, но затоа има и повисока цена. Комбинација од помалку квалитетни составни делови, како резултат ќе даде производ со пониска цена, но и помалку квалитетен производ. И комбинација на најнеквалитетни составни делови ќе даде најефтин и најнеквалитетен производ.

    Значи при избор на Лед светилки мора да се имат во предвид овие фактори и комбинации така да биде запазен односот цена со квалитет.

    Сакам да укажам на една грешка во табелата

    500W Халогена светилка неможе да се замени со 7W Лед светилка

    1. 4.1

      master

      се мисли на 50W халогенска, мала печатна грешка која е исправена веднаш 🙂 продолжете да не следите и да давате вака исцрпи коментари.
      поздрав

  5. Pingback: Заштеда во становите

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency