Соларните земуници (Eng. еarth shelters) се градби во кои земјата се користи како основа за градбата. Имено кај овој вид на градби надворешните зидови се вкопани делумно или целосно во земја како би се намалиле топлотните загуби и би се одржала константна температура во земуниците. Како што имињата сугерираат едните се целосно вкопани во земјата додека другите само делумно.
Општо познато е дека земјиштето има одлични термоизолациони карактеристики и како последица на тоа во соларните земуници владее константна температура од 12.2°C. Надворешните зидови обично се изградени со насип од земја со дебелина од 10-15 сантиметри. Во исто време земјиштето над земуницата може да биде изкористено за зелени површини. Еден од помалку еколошките моменти при градбата на земуниците е тоа што нејзините зидови мора да бидат зајакнати со армиран бетон како би ја издржале тежината на земјата и притисокот кој таа го ствара. Сепак тоа е еден мал компромис без кој не се може.
Други предности во однос на класичните градби се:
– Нема потреба од градење на олуци за одвод на атмосферската вода од покривите како што е случај со класичните градби на станбени објекти.
– Нема потреба од громобрани
– Отпорни се на секаков вид на невремиња
– Добро заштитени од земјотреси
– Не постои проблем со буката и вибрации
– Отпорни на екстремно ниски и високи температури
– Век на траење на земуниците е 200 години
– Градењето е доста поевтино од останатите градби
– Заштедата на енергија е до 85% во однос на класичните градби
Денес на разни места низ светот се градат вакви модерни земунци кој пленат со својот изглед како и фукнционалност. Луѓето кои живеат во нив според нивните зборови се исклучително задоволни од уловите кои ги нудат и во ниеден случај не би ги замениле со друг дом.
Прашање е дали некој од нас би се осмелил прво да гради еден ваков објект (земајќи ги во предвид сите предности во однос на класичните градби) а втор момент е и ако се продаваат готови вакви објекти дали некој би купил еден за живеење? Веројатно не за двете прашања без разлика на сите предности.