СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ
Прес конференција по повод организирањето протест против поскапувањето на струјата
Битола, 11.08.2012
Во понеделник, 13.08.2012 во 11 часот пред ЕВН Кориснички Енерго Центар Битола (кај „Борово“) ќе се одржи прес конференција по повод организирањето протест против поскапувањето на струјата. Организатор на протестот е Иницијативата против поскапувањата „АМАН!“
Иницијатива против поскапувањата „АМАН!“ претставува група на граѓани, која спонтано се собра преку социјалните мрежи, за да искаже револт против најновите зголемувања на цените на струјата, парното и горивата под мотото „АМАН!“ Целта на иницијативата е преку протести и други методи да се издејствува намалување на цените на струјата, парното и горивата и да се аргументираат причините и потребата за намалување на истите.
Протестот ќе се одржи на 14.08.2012 со почеток во 18 часот. Ќе започне кај фонтаната пред НУ Завод и музеј Битола, по што преку Широк Сокак ќе се оди пред ЕВН Кориснички Енерго Центар Битола. Протестот во Битола ќе се одржи истовремено со протестот на истата граѓанска иницијатива во Скопје пред Регулаторната комисија за енергетика.
Поподробно околу барањата на иницијативата, јавноста ќе биде информирана на прес конференцијата.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.
Лице за контакт
Светлана Петковска
078 589 427