Има ли навистина нафта во Македонија е нешто за што некои многу повеќе сметаат дека е мит одолку нешто сериозно. Факт е дека кога се зборува за ова се зборува со истата сериозност како пирамидите во Босна. Сепак вреди ли ова прашање да се третира како такво. Македонија како земја која е увозно зависна од нафтата и нафтените деривати речиси и да не се занимава сериозно со ова прашање за кое за воља на вистината никој не знае многу па ни дали вреди да се занимаваме со тоа. Имено првпат беше покренато ова прашање во касните шеесети години кога екипа на тогашна Нафтагас од Нови Сад изврши некои испитувања на две локации во Овчеполската околија во атарот на селото Ерџелија. После кратко бушење екипата на Нафтагас наишла на жила на солена вода што според експертите било доказ дека предпоставките дека има нафта во Македонија се оправдани.
По речиси две години испитување екипата на Нафтагас ја собрала опремата и си заминала за Србија носејќе ја целата документација и резултати од испитувањето со себе. За тоа колку нафта или гас има во Македонија веројатно има информации во некои архиви во Србија кои таа ги наследи од тогашна Југославија. Во тоа време поради доста ниската цена на нафтата на светските берзи (10 до 20 долари за барел) државата не пројавила интерес за експлоатација на овие наоѓалишта. Денес таа цена е повеќекратно поголема и варира околу стотина долари по барел во зависност од повеќе параметри кои влијаат врз неа.
Како еден вид доказ дека сево ова не е една голема шега е и посетата на Катарска делегација во Македонија која беше примена на највисоко државно ниво а која најави интерес за инвестирање во истражување на наоѓалишта на природен гас и нафта во Македонија. Колку Катарците се заинтересирани за истражување на наоѓалиштата на гас и нафта во Македонија веројатно времето ќе покажи. Во меѓувреме останува само прашањето зошто и Македонија како увозна зависна држава од нафта и нафтени деривати не се зафати сама со истражување на потенцијалите и зошто мора да се бара концесионер.
Според Европскиот енергетски интернет портал www.energy.eu сите залихи на нафта ќе бидат исцрпени до 22 октомври 2047 година.
2 Comments
DANIEL
SE USTE POSTOJAT SVEDOCI LJUGE STO SE P 80 ,90 GODINI STARI I STO IMAM RABOTENO NA TIE BUSOTINI I VO OVCE POLE ,SELO ERCELIJA I JA ZNAAT CELATA VISTINA , ZA NAFTATA I DEK POSTOI E VISTINA NO PORADI FINANSISKI PRICINI E PRIKINTATO BUSENEJE A ISTO TAKA BILE I ZAINTRESIRANI I RUSITE ,ZA BUSENEJE ,I NE E MISTIRIJA TUKU E TOCNO I DEKA IZVORITE IMALE REZERVI ZA NAJMALKU 50 GODINI NAFTA
Devil
Пред некое време (1-2 години) негде (не сум сигурен точно на страната) прочитав исто дека и кај св. Наум на граница со албанија се бушело и се испитувало, наводно нашле нешто нафта ама незнам што се случило, најверојатно и овие се повлекоа и си заминале.
Е сега наводно од истата жила албанија веќе пумпала нешто нафта, ама колку тоа е точно и што како појма немам