скоро сите сме запознаени со различни видови на термоизолациони материјали – стаклена волна, стиропор, стиродур, камена волна, слама…итн. Но покрај овие, веќе традиционални материјали имаме и нови материјали на база на полиуретан. Во денешниот пост ќе покушаме да ви ги претставиме карактеристиките на овој вид на изолација
Полиуретанските плочи нудат оптимално решение за топлинска изолација – од изолацијата на визбата, па се до изолацијата на самиот таван. Овие плочи нудат одлична топлинска изолација која што е отпорна на стареење и имаат постојан облик.
Поради тенденцијата на зголемување на цените на енергија, принудени сме да се повеќе размислуваме за топлинската изолација на нашите објекти. Бидејќи барањата за топлинската изолација се сè поголеми и логички гледано овие барањата можат да се задоволат со зголемување на дебелината на слојот на изолационите материјали. Но не мора секогаш да биде така.
Современа полиуретанска тврда пена и изолациски материјали создадени од полистирол, можат да бидат идеално решение за топлинската изолација на нашите станбени објекти.
Палета на полиуретански производи
Една од најпознатите компании која што ги произведува овие производи е BACHL група, со седиште во Röhrnbach (Германија). Оваа компанија поседува готов 100 искуство во производство на градежни и изолациони материјали. Своите производи ги произведува во Германија, Чешка, Унгарија а од 2006 е присутна и во Хрватска (трговско претставништво). Оваа компанија произведува различни видови на изолациони материјали, но најпозната е по производство на полиуретански изолациски плочи (PUR/PIR), експандирани полистирол плочи (EPS) и PE фолии. Овие производи се карактеризираат со одлични термички карактеристики – коефициентот на топлинската спроводливост λ = 0,024 W/m*K, отпорни се на притисок, влага, инсекти, различни хемикалии итн. Дебелината на PUR изолациски плочи варира од 2-16 cm, па од овие причини можат да ги задоволат различни видови на топлинската изолација.