До неодамна модерните ветерници имаа само една генерална намена – производство на електрична енергија. Благодарение на компанијата Eole Water ветерниците добија една нова улога. Имено благодарение на нивните инжинерски тимови тие успеаа да со помош на нивните ветерници и технологијата која ја имаат инкорпорирано во нив да произведат чиста вода. Идејата е да се овозможи пристап до чиста вода на места каде нема природни извори на вода, пустински региони како и места каде нема водоводни мрежи. Во моментот компанијата ја има изработено прототип ветерницата WMS1000 која работи во пустината близу Абу Даби. 24 метарската ветерница е со капацитет од 62 литри на вода дневно.
Принципот на функционирање на оваа ветерница е следниот. Прво ветерницата произведува електрична енергија како што и е основната намена. Произведената енергија се користи за понатамошните потреби на самиот процес. Следно во целиот процес е апсорбцијата на воздух преку предниот дел на турбината или т.н. “Air blower”. Така заробениот воздух потоа се насочува кон електричен разладен компресор кој е сместен позади пропелерите. Со помош на компресорот се вади целата влажност од воздухот кој потоа се кондензира и собира. Потоа преку серија од нерѓосувачки челични цевки кои се специјално дизанирани за оваа намена, водата се носи до специјален резервоар. Во резервоарот кој е сместен на дното на ветерницата водата се филтира и прочистува како би била соодветна за користење. Капацитетот на една турбина се смета дека може да биди до максимум 1.000 литри вода на ден. За тоа колку вода ќе се произведи ќе зависи од влажноста на воздухот, ветропотенцијалот и температурата.
Цената на една ваква ветерница се смета дека би била некаде измеѓу €500,000 и €600,000 во зависност од локацијата и околностите на самата локација. Се смета дека со време како се комерцијализира повеќе и повеќе овој проект така да се намалува цената. За почеток е планирано да се понуди овој систем на пазарите во Африка, Јужна Америка и на некои острови во Јужна Азија каде што чистата вода е голем проблем.