Новата серија на LED светилки произведени од „SAMSUNG„ имаат животен век од 40.000 часови или 40 пати повеќе од класичните светилки. Компанијата процени да со просечна употреба на оваа сијалица – 3 часови на ден, таа ќе можи да трае и до 36 години. Со други зборови, доколку пазарите оваа светилка, Вашиот внук ќе биди задолжен и ќе дочека да пазари нова сијалица.
Инаку компанијата „SAMSUNG„ е светски лидер во ТВ “LED” технологија, што му даде добра основа и искуство во производство на „LED„ расвета. Искуството на производство на “LED” диоди за ТВ и компјутерски монитори го преточи во производство на „LED” светилки. Покрај очигледно економските причини во пазарење на овие нови светилки, овие светилки се и од еколошки аспект прифатливи.
Но ова не е само обична „LED„ светилка. Зад оваа светилка стои комплетна дигитална технологија составена од чипови, микроелектроника, драјвери и слично. Овие „LED„ светилки се ослободени од ултравиолетово и инфрацрвено светло и тие се способни да даваат високо квалитетно и чисто светло.
Од незванични извори на компанијата, цената на овие штедливи светилки ќе се движи помеѓу $19 до $70 од зависност од снагата на сијалицата. За жал, компанијата се уште нема објавено кога ќе почни со масовното производство на овие долговечни светилки.