Подобрување на енергетската ефикасност на вкупно 26 згради во седум општини од државата и подобрување на управувањето со зградите преку обуки на на сопствениците е целта на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност на станбентите згради кој беше претставен денеска во Тетово.
– Овој проект ќе трае три години, а наша цел е да се изберат згради на кои ќе бидат применети мерките за енергетска ефикасност како поставување на термофасади и промена на вратите и прозорците за што ќе се формира обновлив фонд од кои одбраните субјекти ќе може да го користат за заеми во реализацијата на зафатите – рече проектната координаторка на проектот Елена Мицева.
Таа потенцираше дека сите апликации на заинтересираните заедници на станари треба да бидат испратени до нив до 5 декември, а како предуслови за зградата да може да учествува во проектот се зградата да е изградена пред најмалку 10 години, најмалку 50 отсто од домаќинствата што живеат во неа да бидат со приходи под границата од 75% од бруто националниот приход по жител, поединечно за секој член од семејството.
Преземено од: ДНЕВНИК
2 Comments
Диететичар
Иако ве следам и многу ве почитувам затоа што мислам дека сте одлични и дека повеќе луѓе треба да ве читаат и да размислуваат за иднината, денес една критика до вас:
– Би било добро ако можете да обезбедите линк до веб страната каде што може да се прочита повеќе и ако некој е заинтересиран да може да конкурира за проектот.
Предраг Стојковски
Фала на комплиментите но благодариме и на критиките. Што се однесува до натписот ние го презедовме од ДНЕВНИК, но без разлика подетално за проектот можете да најдете доколку ја контакирате невладината организација Хабитат од Скопје која што е носител на овој проект или доколку ја контактирате УСАИД. Инаку можете да се приклучите во овој проект на овој линк: https://www.habitat.org.mk/mkd/povik1.html
Со почит,
Предраг Стојковски