На следната листа се претставени можности за финансирање на проекти кои се од областа на екологијата, енергетската ефикасност, заштита на околина и сл. Секоја од овие програми се отворени и може да се аплицира кај нив доколку се задоволуваат нивните критериуми. Секоја програма има различни критериуми и може да се однесува на различни субјекти.
1. Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, Канцеларија во Македонија објавува повик за доделување на грантови во висина до 10.000 евра за спроведување на активности од областа на образованието за одржлив развој. Повеќе информации на следниот линк: https://www.rec.org.mk/Proekti/Green%20Pack/Povik_grantovi.htm
2. Информации за тоа кои проекти се поддржуваат со програмата мали проекти на германската амбасада, за поднесувачи на барања како и за постапката се дадени во информацијата која можете да ја видите на линкот подолу. Исто така и формулари за поднесување барање на германски и македонски јазик. Пред поднесување на барањето пожелно е телефонски или по електронски пат да контактирате со господин Јованчо Евтимов, заради појаснување на Вашиот проект и шансите за успех на истиот. Информации на следниот линк:
https://www.skopje.diplo.de/Vertretung/skopje/mk/05/Kleinstprojekte/Kleinstprojekte.html
3. Американската амабасада преку своите програми е главно фокусирана за помош во подобрување на демократските институции но се спремни да помогнат и во еко-проекти како што е наведено на нивната официјална веб страна. Повеќе информации, потребни документи и критериуми за аплицирање на следниот линк:
https://macedonia.usembassy.gov/grants/small-grants-program.html
4. Прекугранична соработка (ИПА фондови). Втор повик за проектни предлози на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија. Повеќе информации на следниот линк:
https://www.ipa-cbc-007.eu/mk/page.php?c=8&d=227
2 Comments
Igor
Odlicna statija!
Prodolzete da objavuvate statii so vakvi korisni informacii.
Ace
Благодарам Игор ќе продолжиме биди сигурен. И не само тоа туку и најверојатно ќе има и нова категорија посветена на грант програми, зелени кредити и сл.