Претставници на финансиски институции, вклучувајќи локални комерцијални банки, штедилници, канцеларии на меѓународните финансиски институции како ЕБРД, ИФЦ и други денеска ќе дискутираат на тркалезната маса на тема „Финансиски инструменти за финансирање на енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија“.
Организатор на овој настан е проектот EUbuild Енергетска ефикасност, кој е дел од DG Enlargement програмата на Европската комисија. Проектот EUbuild Енергетска ефикасност е акроним на Проект за секторска соработка за финансирање на енергетска ефикасност во рамки на ЕУ регулативите и обврзувачките документи.
Општа цел на проектот е да придонесе за развој на финансиските инструменти и механизми со цел, на пазарот да се изградат производи поволни за корисниците од областа на енергетска ефикасност. Локален партнер и реализатор на проектот во Македонија е Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ.