Побарувачката за електрична енергија расти секоја година, а во исто време електроенергетската компании и понатаму ја шират својата мрежа. Покрај зголемената побарувачка за електрична енергија, на самата цена на енергијата влијание имаат и други директни и индиректни фактори.
Кога зборуваме за цената на електричната енергија мислиме на цена на 1 kWh на електрична енергија кое што е произведено од страна на некоја електрична централа, каде што се вклучени и трошоците на самата изградба на централата како и трошоците за одржување на самиот погон на централата. Значи самата цена на електричната енергија се состои од многу поврзани трошоци, а можат да се поделат на директни и индиректни трошоци.
Кога зборуваме за директни трошоци се мисли на капитални трошоци или таканаречени CAPEX и на оперативни трошоци OPEX. Капиталните трошоци се однесуваат на трошоци на самата изградба на централата, а во нив се вклучени трошоци на каматната стапка, додека оперативните трошоци се трошоци на одржувањето, на складирањето на отпадот (доколку го има), трошоци на гориво, трошоци на посебни дозволи, лиценци итн.
За разлика од директните трошоци, индиректните ги има повеќе. Најчесто се делат на социјални трошоци (повреди на работа или здравствени зболувања поради штетни емисии на CO2) и на трошоци за заштита на човековата околина. Поради нивната непредвидливост потешко се пресметуваат, но искуствата и праксата покажуваат дека индиректните трошоци се и по неколку пати поголеми од директните трошоци.
Од ова можеме да донесеме заклучок дека цената на електричната енергија не е фиксна вредност за секој вид на различен извор на енергија, туку зависи не само од економски туку и од политички фактори.
Во долниот графикон, според податоците собрани од страна на OECD I BRICS држави, прикажани се трошоци на електрична енергија добиени од различни извори на енергија во 2009 година. Прикажани се значи само директни трошоци.
Графиконот на директни и индиректни трошоци за производство на електрична енергија од различни извори на енергија, покажува големи разлики помеѓу овие извори на енергија. Од овој графикон можеме да заклучиме дека индиректните трошоци имаат клучна улога кај фосилните горива и дека имаат големо влијание на самата цена на електричната енергија.
Разлики помеѓу директните трошоци се резултат на примена на различна технологија која се применува во искористување на енергетските извори. Најголеми разлики во цената на енергијата ги наоѓаме кај оние извори кои дополнително користат фосилни горива. Така на пример, зголемена цена на овие горива за 50% може да ја зголеми цената на производство на електрична енергија за повеќе од 30%. Поради овој факт, изворите на енергија како што е ветерна енергија или сончева енергија стануваат сè поинтересни на потенцијалните инвеститори.
На следниот графикон хронолошки е прикажано движењето на цената на нафтата од 1974 година па сè до денес. Графата нѝ го прикажува константниот раст на цената на нафтата. Од ова можеме да донесеме заклучок дека и самата цена на електричната енергија добиена од нафта како извор на енергија може само да оди нагоре.
Кога зборуваме за самиот пазар на електрична енергија, битно е да се споменат големите чекори на ова поле направени во Јужна Америка, посебно во Бразил каде 9 водечки бизниси за производство на ветрогенератори имаа отворено свои фабрики.
графиконите преземени од:https://www.vestas.com