Од кога електро стопанството на Црна Гора ги постави новите мерачи за потрошена електрична енергија, граѓаните почнаа да воведуваат нови методи за кражба на електрична енергија.
Методите на кражба не се разликуваат од оние методи кој што се користат во регионот. Најкористениот метод е поставување на силни магнетни бројила кој што го оневозможуваат нормалното работење на мерачите.
„Имавме случки кога потрошувачите направија мали дупки на стаклото од мерачите, низ кој што со помош на игла го оневозможуваат работењето на бројилата. Исто така се поставува електрична инсталација без поставено електрично бројило“, изјавија од црногорското електро стопанство.
Покрај овие „софистицирани“ методи на кражба постојат и оние кој што не се толку „софистицирани“ како што е физичко уништување на бројилата, како и уништување на бројилата по пат на „електрошок“.
Да ставиме мала напомена – Кражбите на електрична енергија го оневозможуваат планското инвестирање во подобрувањето на дистрибутивната мрежа. Зошто е тоа така? Бидејќи инвестициите се планираат согласно информациите кои преку мерните уреди се добиваат за потрошувачката на електрична енергија, како и уредните барања за нов приклучок на корисниците, нешто за што посветивме внимание во минатата епизода. Така, трафостаниците и водовите кои ги напојуваат корисниците во регионите каде што има кражби се преоптоваруваат, а капацитетот потребен за надградување не може да се планира. Зачестени прекини и неконстантен напон е се честа појава во овие области. Така, крадците на електрична енергија им го одземаат правото на совесните корисници да добиваат квалитетна испорака на електрична енергија.
Кражбите на електрична енергија се кривично дело кое е казниво со големи парични казни и казна затвор до пет години, според Кривичниот законик на РМ.
Извор: Правда