Кога станува за изградба на нови објекти – станбени или пак бизнис објекти, прва асоцијација ни е тула, бетон, изолација…стандардни, класични материјали за изградба на објекти. На друго место можеби, евентуално ќе се сетиме на монтажни објекти или пак на некој други, алтернативни начини на градба. Мал е процент на оние кој што ќе се сетат на некој друг вид на градење, како што е на пример користење на слама како основен градежен материјал.
Ние во повеќе постови објаснувавме за ваков вид на градба (Види ги следните постови: Куќи од слама 1, втор дел, трет дел, четврт дел) а во денешниот пост ќе го споделиме прирачникот за изградба на куќи од слама. Се работи за упатство креирано од страна на Даниел Родик и Матко Шишак, а самиот прирачник е дел од зелената едиција Зелени алатки, креирано од страна на ЗМАГ.
Прирачникот можете да го симнете во електронска форма (*pdf) од следниот линк.
Во прирачникот можете да пронајдете голем број на примери на изградба на куќи од слама, но и голем број на технички детали и прописи поврзани со овој вид на градење.
Извор: Еко мрежа