Општо е познато дека има два главни видови на видови на турбини на ветер: Турбини на ветер со хоризонталната оска (Horizontal axis wind turbines – Hawt) и турбини на ветер со вертикална оска (Vertical axis wind turbines – VAWT).
Оваа статија е за помалку познатите турбини на ветер со вертикалната оска. Главната предност на овие турбини на ветер е дека насоката од која дува ветер не игра никаква улога кај нив. Така да овие турбини на ветер бараат помалку сложени електроника и помалку подвижни делови и како резултат на тоа тие имаат пониска цена. Оваа предност ги прави поповолни во места каде постои голема варијација во насоката на протокот на ветрот. Покрај тоа, сите компоненти на турбината на ветерницата се наоѓаат на дното на турбината што ги прави подостапни за поправка.
Друга предсност е што ветерниците со вертикална оска можат да бидат поставени една до друга на многу помала разделеченост одколку доколку на истата локација би биле ветерници со хоризонтална оска. Тоа е така затоа што ветерниците со вертикални оски доколку се на мала оддалеченост не си влијаат една со друга додека тоа не е случајот со класични ветерници со хоризонтална оска.
Фактот дека врз овој вид на ветерници не влијае насоката на ветерот ги прави идеални за урбани средини каде што ветрот е значително попроменлив. Тие се особено ефективни во урбани средини на покривите на зградите каде што брзината на ветрот е двојна поради пренасочување на ветерот од страна на околните згради кон ветротурбината.
Главен недостаток е тоа што кога не се монтирани на некој покрив се монтирани блиску до земјата каде што брзината на ветерот е мошне помала а со тоа и се добива мошне помало производство. Имено ретко која ветерница од овој вид е подигната на поголема височина на која би можела да се искористи целиот ветро потенцијал кој е на располагање.
2 Comments
kostadin
kolku kosta edna turbina i kade moze da se nabavi,zosto vo makedonija ne se proizveduvat takvi turbini?
brane
dali voopsto ima nadez da se dobie nekakva dozvola za prodazba na visokot
energija