Името Валас Брекер најверојатне не значи многу за повеќето луѓе. Но за оние кои екологијата, животната средина и загадувањето им се области од интерес тоа е име кое значи многу. Имено, Валас Брекер (Wallace Broecker) е човекот кој прв го водеде терминот „глобано затоплување” и кој прв почна да зборува за опасностите кои произлегуваат од него. Тој е и ден денес еден од водечките научници на ова поле.
Тој повторно предупредува дека е крајно време да се преземе нешто за глобалното затоплување пред да биде прекасно. И не само што предупредува на последиците подржувајќи ги со податоци добиени од голем број на истражувања изведени од научни истражувачи, туку во исто време тој предлага и конкретно решение за намалување на емисиите на гасови.
Валас Брокер се залага за употреба на гигантски вештачки дрва т.н. “carbon scrubbers” кои би го извлекувале CO2 од воздухот. Според неговите пресметки околу 20 милион вакви дрва би биле доволни за да се справат со емисиите на C02 во Соединитетите Американски Држави. Според него можеби таа бројка изгледа преголема на прв поглед, но факт е дека секоја година се произведуваат по 55 милион авотмобили. Така, со вистинско ангаж ирање би можело да се достигне таа бројка за 30 до 40 години.
Имено, направите за кои тој зборува, т.н. вештачки дрва се околу 15 метра високи со дијаметар од 2,5 метри и користат специјален тип на пластика за апсорбирање на CO2. Собраниот CO2 би се претворил во течност и истиот тој би се складирал длабоко под земја или би се претворил во минерал.
Можеби ова е едно од решенијата кое би му помогнало и на Скопје?