Иако во Чешка има регистрирано само околу стотина електрични автомобили, на патиштата во целата земја има околу 150 специјални станици каде се врши напојување на ваквите мотори. Сопствениците на овие засега раритетни превозни средства, имаат можност да патуваат во близината на чешкиот главен град со оглед на тоа што е отворена нова станица за полнење на „автомобилите на батерии“.
За нив ова е добра вест со оглед на тоа што „електромобилите“ со едно полнење можат да поминат 150 километри и трасата од Прага за Брно не можеше да се помине само со едно напојување. Станицата овозможува полнење на два електромобили во исто време, а околу 90-процентно полнење на батеријата се врши за еден час.
“Овие автомобили не загадуваат, не согоруваат никакви материи и се апсолутно тивки”, вели претседателот на Здружението на сопственици на електромобили, Јаромир Вегр.
Преземено од:КАПИТАЛ