Сите нови куќи мораат да имаат инсталирани сончеви панели! Без паника, ова заповед важи само за градот Ланкастер во Калифорнија. Овој град, со 150.000 жители и кој што се наоѓа во непосредна близина на Лос Анѓелес, планира да во својот правилник воведе обврска со која што секоја нова куќа мора да инсталира сончеви панели за производство на електрична енергија.
Ова обврска ја најави и самиот градоначалник на Ланкастер, Рекс Парис кој што очекува да оваа одлука стапи на сила од први јануари 2014 година. Минималната инсталирана моќност на сончевите системи треба да биде 1 kW.
Ова не е прв пат да градот Ланкастер планира да ја искористи сончевата енергија. Пред две години овој град се договори со компанијата „SolarCity“ да развие сончев систем со инсталирана моќност од 27 MW. Произведената електрична енергија би се искористила за напојување на јавните објекти, локалните паркови, како и за локалните бизниси. Приходот од продадената електрична енергија би се движел околу 1,5 милиони долари.
Иако градежната индустрија негодува против планираниот потег на градската управа, градоначалникот е убеден дека градскиот совет ќе го одобри неговото барање и ќе му помогне во реализацијата на планот да овој град стане светски сончев центар.
Според новиот правилник, куќите кој што се градат на површина поголема од 650m2 мораат да инсталираат сончев систем со инсталирана моќност помеѓу 1-1,5 kW. Куќите кој што се градат во руралните предели на површина поголема од 9.300 m2 мораат да инсталираат сончев систем со минимална моќност од 1.5 kW.
Би било интересно една ваква иницијатива да се направи и во нашата држава, барем за новоизградените јавни објекти 🙂
Извор:inhabitat.com/